1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мултиетничка Струга пример за соживот

Ако се изолираат пролетните тепачки меѓу учениците Албанци и Македонци во средношколскиот центар „Нико Нестор“, соживотот во Струга може да послужи за пример во Македонија.

default

Училиштето Нико Нестор во Струга

Најголем дел од жителите Македонци од Струга се’ уште жалат по старата територијална поделба со чие менување реално ја изгубија доминацијата во општината. Албанците не толку гласно, сепак сметаат дека донекаде е исправена неправдата кон нив. Тепачките и штрајковите меѓу средношколците се најдоа и во последниот извештај на Европската комисија за Македонија. Нормално се бара итно и трајно надминување на проблемите во оваа област.

Подобра распределба на општинските места

Struga Innenstadt, Mazedonien

Струга

Паралелно со ова во обид да се релаксира соживотот во Струга владејачката ДУИ во Советот на општината и ВМРО ДПМНЕ како коалициони партнери се согласија за поголема застапеност на Македонците на раководни места на локално ниво. Адвокатот Славко Котески, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Дојче веле објаснува: „Проценивме дека е подобро ако во наредните четири години бидеме дел од власта, отколку како во периодот од 2005 до 2009 кога власта ја практикуваше градоначалник од ДУИ и Совет составен претежно од советници од албанската националност. Кога имаме солиден број советници, во такви околности немаме право и е неправилно да се повлечеме од власта.“

Градоначалникот Рамиз Мерко признава дека во мај годинава е постигнат договор за поделба на власта, но дека договорот засега е само делумно остварен: „Сега бидејќи сме коалициони партнери со ВМРО ДПМНЕ на локално ниво правиме напори за подобра распределба на местата кои треба да се раководат и од Албанци и од Македонци. Дојдовме до заедничко мислење во интерес на градот и соживотот.“

Поделбата ги опфати двете јавни претпријатија во градот и четири секотори во oпштината, вели Котески: „Во претходниот мандат имаше и престанок на работен однос на Македонци вработени во општината. Македонци имаше вработени, но не беа на раководни функции. Ние сметавме дека понатаму тоа не треба да е така и затоа го вклучивме договорот.“

Квалитет во работата на локалната власт

Schule Niko Nestor

Училиштето Нико Нестор во Струга

Договорот не е резултат на тесно национални побуди. Туку сакавме да внесеме квалитет во работата на локалната власт што ќе донесе добробит за сите граѓани, заклучува Котески: „Нашите кадри ќе придонесат за поголем квалитет во управувањето, за позаконито работење, за создавање подобри услови, за подобро практикување на власта. Значи не станува збор за стриктно остварување на интересите само на Македонците.“

Недомана градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стана добитник на Светската награда за мир, му ја додели Националниот совет на Албанија. Наградата ја доделуваат Обединетите Нации, а центарот на федерацијата е во Јапонија: „Се грижам за градот и граѓаните, се грижам за добрите меѓуетнички односи. Направив напредок не само во општината, туку и во регионот. Добрите односи со соседите и со државници и институции од земјата и надвор од Македонија.“

За идната година првиот човек на Струга вети неколку капитални инвестиции за кои средства ќе се влечат од европските фондови преку проекти со партнери од Македонија и со прекугранична сорабтока во која имаат исксутво.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска