1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мукарџи е нов претседател на Индија

Политичкиот ветеран Пранаб Мукарџи е избран за нов претседател на Индија. Тој досега ја извршуваше функцијата министер за финансии.

Изборот на Пранаб Мукарџи на функцијата претседател на државата беше очекуван. За 76-годишниот Мукарџи гласаше телото кое е составено од претставници на двата дома на парламентот и од парламентите на сојузните индиски држави. Според резултатите од гласањето, објавени денеска (22.07), Мукарџи добил повеќе од половина од гласовите. Тој на функцијата ја наследува првата жена претседател на Индија, Пратиба Патил.

Изборот на Мукарџи е успех за Конгресната партија, која се бори со низа скандали со поткуп, како и забавен стопански развој на земјата. Инаку, победата на Мукарџи, кој ја има поддршката на Конгресната партија, беше очекувана. Негов противкандидат беше екс-претседателот на парламентот Пурно А. Сангма, кој ја имаше поддршката на опозиционата конзервативна партија БЈП.