1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Музичка порака за мир и хармонија во светот

Со пораката за разбирање и толеранција на културната разновидност низ целиот свет, синоќа во катедралната црква Света Софија, во рамки на јубилејното 50. Охридско лето, настапи Барокниот оркестар на Европската унија.

default

Концертот се одржа во Света Софија

На крајот долги аплаузи и овации за 22 млади таленити од 14 земји обединети во Барокниот оркестар на Европската унија. Изведувачки апарат кој годинава слави 25 години од формирањето и низ кого поминале и се усовршиле над 700 репродуктивни уметници. На програмата дела од барокни композитори од 17 и 18 век. Младите музичари свиреа на автентични инструменти на кои, на пример, жиците им се од животински црева и даваат сосема поинаков тон.

Така барокот ја освои Света Софија. И тоа по третпат. Диригентот Ларс Улрик Мортнесен пред почетокот на концертот изјави:

„Програмата ја насловивме „Болки и напеви “, или болест и лекување. Од една страна, музиката опишува

2003 EUBO Orchester Violine

Низ Барокниот оркестар на ЕУ поминале и се усовршиле над 700 репродуктивни уметници

болка и страдање, а од друга страна - ја покажува моќта да лекува и исцелува. Преку избор на дела од помалку познати барокни композитори, сакавме да го покажеме овој музички правец во шаренолик стил.“

Оркестарот „расадник “ на надежни музичари

Од основањето до денеска, оркестарот настапувал во 50 земји и е високо почитуван од Европскиот парламент, Комисијата и Советот како културен амбасадор на Унијата и таа финансиски го поддржува.

„Секоја година оркестарот кани на аудиција 100 талентирани млади барокни музичари од цела Европа. Дваесет и пет успешни кандидати, обично од 12 или повеќе земји, на возраст од околу 25 години, 6 месеци работат заедно, а потоа одат на турнеи по светот. Тие потоа влегуваат во професионалниот музички живот“, открива директорот на оркестарот Пол Џејмс.

Созоска - единствен македонски млад уметник член на оркестарот

Уште во 2003 година, една цела сезона, член на Барокниот оркестар била и македонската чембалистка Цветанка Созовска. Таа денес работи во Холандија.

„По пат на аудиција, од 12 чембалисти бевме избрани две. Ми беше посебно задоволство и чест бидејќи доаѓав од земја која не е членка на ЕУ, а добив

Cvetanka Sozovska Europäisches Barock Orkester

Цветанка Созовска

можност да бидам дел од тој оркестар. Сега сум среќна што случајно можам да им бидам дел од вечерта, бидејќи со нив свирев цела сезона. Сакам повторно да ги сретнам и да ги доживеам истите импресии како и тогаш.“

Фуере: Ако политичарите наутро слушаат музика се‘ би било подобро

Со добра волја можат да се надминат сите проблеми вклучително и во Македонија, рече евроамбасадорот Ерван Фуере упатувајќи ја пораката до политичарите. Но, нив ги немаше на синоќешниот концерт.

„Светот секако би бил посреќно место за живеење, доколку политичарите секое утро барем малку време би слушале музика“, убеден е Фуере.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска