1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Музичарот Јусу Н’дур - министер за култура на Сенегал

Меѓународно прочуениот музичар Јусу Н’Дур ќе биде дел од новата влада на Сенегал. Сенегал, се соочува со сериозни економски проблеми и голема невработеност.

Новиот премиер на оваа африканска држава Абдул Мбаје го назначил Н’дур за министер за култура и туризам. Составот на владата во Сенегал беше соопштен синоќа, два дена по инаугурацијата на новиот претседател на државата Макио Сала.

Н’Дур е еден од најпопуларните музички ѕвезди на Африка и добитник на најпрестижната музичка награда Греми. Тој првобитно сакаше да се кандидира за последните претседателски избори во родниот Сенегал, но кандидатурата не му беше прифатена поради недоволно собрани потписи. Н’ Дур потоа го поддржа Сала. Новиот претседател на Сенегал на изборите победи со огромно мнозинство, со што го симна од власт Абдулаје Ваде, кој на таа функција беше цели 12 години.

Сенегал, во кој живеат 12 милиони жители и која се наоѓа на западното крајбрежје на Африка, се соочува со сериозни економски проблеми и голема невработеност.