1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Музика на иднината

Денеска (09.09.2011) започнува Бетовен фестивалот, оваа година засенет со контроверзите околу изградбата на новата концертна сала во Бон со името на славниот композитор.

default

Статуата на Бетовен во музејот во Бон

Фестивалот, кој ќе трае еден месец, овојпат се враќа кон корените и во средиштето го става композиторот Франц Лист. Мотото гласи: „Музика на иднината, Бетовен, Лист и модерната во музиката“. Според најавата на директорката на Фестивалот, Илона Шмил, ќе настапат повеќе од 2 илјади уметници, меѓу нив меѓународно реномирани оркестри и солисти.

Од 9 септември до 9 октомври ќе бидат изведени вкупно 64 концерти во Бон и во околината, кон што доаѓаат и стотина придружни манифестации.

Beethovenfest Motto 2011 Zukunftsmusik

Мотото на годинешниот Бетовен фестивал

Композиторот Франц Лист, кој е во средиштето на годинешниот Бетовен фестивал, е роден пред 200 години и цел живот го обожувал Бетовен, развивајќи ја сопствената „музика на иднината“, која вршела влијание до 20-тиот век. Во 1845 година Лист,по повод откривањето на споменикот на Бетовен на плошатдот во Бон, организирал тридневен музички фестивал, кој претставува зачетокот на сегашниот Бетовен фестивал. Лудвиг ван Бетовен, инаку, е роден во Бон и градот достојно му се оддолжува.

Сенка моментно фрла неизвеснота околу изградбата на нова концертна сала на местото на сегашната, стара 50 години. Објектот вреден стотина милиони евра требаше да биде изграден со државна и поддршка на неколку приватни инвеститори, но по Телеком, од проектот се откажа и Пост банк.

Автор: ЖА/БГ/дпа

Редактор: Е.М.Фиданоска