1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Музиката ги обединува народите

Ирачкиот младински оркестар на 1 октомври го оддржа својот прв концерт во странство, во рамките на манифестацијата Оркестеркампус во Бон. Германскиот претседател Кристијан Вулф како покровител беше присутен на концертот

default

Германскиот претседател Кристијан Вулф (десно), интендантот на ДВ, Ерик Бетерман и диригентот Пол Мек Алиндин (лево)

„Голем знак на надеж е што различните групи народи во Ирак се’ подобро се разбираат меѓусебе и се прилагодуваат едни на други. Изведбата на западна музика од страна на оркестар од Арапи и Курди испраќа истовремено и сигнал дека музиката спојува, дека музиката говори еден јазик, кој е погоден да ги спои луѓето со различни ангжмани, претстави, потекла“, подвлече германскиот претседател.

На прашањето на Дојче веле каква улога игра токму дијалогот на културите во германските залагања за културна соработка во светот, претседателот Вулф одговара: „Европа добро напредуваше во меѓусебното разбирање по горчливите светски војни. Основоположниците на Европа подоцна рекоа, дека всушност не требало да ја започнат меѓусебната соработка со економијата, туку со културата, бидејќи на тоа поле разбирањето всушност најлесно може да се овозможи, кога ќе се отвориме, кога сме отворени за странците и она што е странско. Тоа го доживеав на овој концерт. Затоа сметам дека вакви проекти на Дојче веле се извонредни, да се даде финансиска поддршка и да бидат изведени и дела на овие композитори, со што се збогатува светот на музиката“.

Bonn Deutschlandfest 2011 Christian Wulff

Кристијан Вулф на прославата на Денот на обединувањето на Германија во Бон

Дојче веле не ја поддржува само културата, туку пред се’ е медиум. Каква улога играат медиумите во меѓународниот дијалог меѓу народите?

„Преку интернет се нудат многу концерти и култури настани. Токму младата генерација во арапскиот свет, во Северна Африка, на Блискиот Исток во Азија го користи интернетот, за да се разбере меѓу себе, да се отвори за нешто ново. Во овој контекст Дојче веле има голема улога, со оглед на тоа што медиумот е се’ подобро достапен во многу земји во светот, и затоа што тие се поврзуваат преку интернет.“

Автор: Геро Шлис/ Алексанра Трајковска 

Редактор: Жана Ацеска