1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Музеј на Холокаустот во Лајпциг?

Германскиот архитект Мајнхард фон Геркан е избран да го направи проектот за музеот за Холокаустот во градот Лајпциг во источна Германија . Подржувачите на проектот сеуште меѓутоа бараат финансиска подршка за него.

Музејот ќе има за цел да ја објасни историјата на Третиот Рајх и да ги изнесе на виделина злосторствата против човештвото извршени од страна на Нацистите- вели шефот на фонфдацијата за германски музеј на холокаустот Ханс Јирген Хеслер . Оваа фондација е подржана и од нобеловецот Гинтер Грас како и од поранешната германска министерка за правда Херта Дојблер Гмелин.

Музејот би требало да се гради во т.н Руски павиљон во стариот саем во Лајпциг .

И додека Хеслер се надева дека новиот музеј во Лајпциг би можел да биде отворен за четири до пет години , архитектот кој треба да ги изработи проектот фон Геркан предупредува дека се зависи од финансиската подршка .

“Проектот не може да се заврши преку ноќ – изјави 71 годишниот архитект Најнапред е потребно неговите подржувачи да ги обезбедат неопходните финансиски сретства”

Инаку фирмата на Геркан стои зад проектот на новоизградената централна железничка станица ви Берлин тој истотака е вклучен во неколку големи проекти цо Кина , меѓу другото и во урбанистичкото планирање на еден цел нов град во близина на Шангај.

Фирмата на Геркан истотака работи и на неколку стадиони за фудбал за нареднито светско првенство во Јужна Африка во 2010 година

Инаку најголемиот меморијален центар за шесте милиони евреи убиени од страна на нацистичкиот режим се наоѓа во Берлин а беше завршен во 2004-та година .

Тој се состои од 2711 бетонски блокови , поставени во близина на Бранденбуршката Капија и веќе е голема туристичка атракција.