1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Музеј на мини-автомобили

Колекционерот Штефан Фојт во 20 години создал збирка од речиси 60 мини градски автомобили. Приватната збирка е полна раритети кои го покажуваат пронајдувачкиот дух на 40-те и 60-те години на минатиот век.

Ова не е автомобил-играчка, туку „Клајнсшнитгер Ф 125“, возило кое навистина се движеше по германските улици пред околу 60 години.

За Штефан Фојт возењето во него е секогаш уживање.

„Едноставно прекрасно, зашто не тежи. Човек нема чувство дека со овие пет коњски сили е целосно немоторизиран“, вели тој.

Во неговата стара фабричка хала Штефан Фојт внесува само најавени посетители. Уште првиот поглед вџашува, а тоа е само работилницата.

BMW Isetta

Мини автомобил „Исета“

Следува вистинско богатство. 900 квадратни метри полни со возила од повоениот период, пред се‘ т.н. градски мини автомобили.

„Интересно е што кога ќе споменам градско мини-возило, луѓето не знаат за што зборувам. Ако кажам ’Исета’ или ’Месершмит’, тогаш е јасно за што се работи“, вели Фојт.

68-годишниот претприемач во 20 години создал збирка од речиси 60 мини градски автомобили. Приватната збирка е полна раритети кои го покажуваат пронајдувачкиот дух на 40-те и 60-те години на минатиот век.

„Градските мини-автомобили ме фасцинираа пред се‘ поради настанувањето во време кога буквално немало ништо-директно по Втората светска војна. Но постоеле пионири, конструктори кои со голем жар ги реализирале своите проекти, ги оживувале идеите“.

Techno Classica Hans-Jürgen Kirschbaum mit Enkel in einer Isetta Flash

Исто така не е познато дека фирмата „Циндап“ покрај моторцикли некогаш правела и визионерски возила на четири тркала, како на пример„Јанус“.

„Преку овој принцип, патниците од напред да гледаат наназад, било сосем логично моторот да биде ставен насреде, не можел да биде ставен ниту напред, ниту назад. Ова би го нарекол единственото возило со мотор ставен во средината“, објаснува Фојт.

Уште еден необичен примерок-каросерија од алуминиум, тежина од само 130 килограми, за возачот на ваквото градско возило, „Клајншнитгер“, тоа имало практична корист.

„Вграден е мотор од моторцикл и затоа нема менувач со брзина наназад. За ова возило тоа не е ни потребно, зашто тоа лесно се врти насекаде ако мора. Поради тежината тоа не е никаков проблем“.

Варијанта на овие мали градски возила се појави во 1998. година, а до денеска се продадени илјадници „Смарт“ автомобили.

Многу актуелни студии на различни производители ветуваат ренесанса на мобилитетот во мал формат.

Genfer Autosalon 2012

Новата верзија на мини автомобили-„Смарт“

„Денес тоа е на сосем друга основа. Денес тоа се прави од друга нужност, од пренатрупаност на улиците, од недостиг на паркиралишта. Некогаш морало да се прави автомобил достапен за обичниот човек. Автомобилите тогаш чинеле околу две ипол илјади марки“, објаснува Фојт.

Возење со „Месершмит ТГ 500 Тигер“, драгоцен дел од збирката, денешна вредност- 30 илјади евра.

За Штефан Фојт парите не се важни. Тој пред се‘ сака денес да поврати дел од заборавената уметност на инженерите.