1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Музеј за евреите во Варшава

*

Во Варшава, Полска вчера беше удрен камен темелник на музеј за историјата на полските евреи и нивните страдања за време на холокаустот . На церемонијата покрај полскиот претседател Лех Качински беше присутен и поранешниот германски претседател Рихард Фон Вајцекер. Музејот треба да биде отворен за две години. Варшава пред втората светска војна беше дом на три милиони евреи и центар на европската еврејска заедница.