1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Музејски споменик за Жак Ширак

Тој во Париз деновиве го отвори импознатниот музеј за неевропските култури. Чини 235 милиони евра, посветен е на етничката уметност во близината на Ајфеловата кула со 39 илјади квадратни метри и содржи околу 300 илјади парчиња од Африка, Азија, Океанија, Северна и Јужна Америка:

Ширак самиот си го отвори „својот„ музеј

Ширак самиот си го отвори „својот„ музеј

Проектот за музејот е на ѕвездата на француската архитектура Жан Нувел:

„Одност меѓу содржината и внатрешноста го прави музејот исклучителен. Зданието со црвените и земјените тонови и форми е мистерија. Може да се помисли дека овде има што да се види што не потекнува од нас„.

„Се надевам дека ќе уживате„.

Вака една хостеса ги поздравува германските посетители. Тие минуваат покрај една стаклена кула со 9 илјади музички инструменти, потоа покрај една рампа што наликува на река.

Можат да се видат култни, но и предмети о секојденвјето: илјада години стара дрвена статуа од Мали, реликвиска риба со мртовечка глава на стомакот, лента со 500 заби од лилјак со кои на Папуа може да се плаќа, седум метри долгиот тотем-крокодил, или богови заштитници, како и вреќа за спиење. Предметите се волшебно убави, меѓутоа, за жал, непрегледно распоредени. Малкуте објаснувања често не можат да се видат поради слабата светлина. Еден стражар од Конго сепак е одушевен:

„Како Африканец мојата култура ми е многу важна. Преку експонатите сфатив дека не постои само африканска култура, туку дека и на другите континенти имало цивилизации. Затоа сум одушевен„.

За изградбата на музејот се потрошени 235 милиони евра. Како бивша колонијална сила Франција во Париз располага со најголем број галерии за племенска уметност. Во музејот можат да се видат 300 илјади различни уметнички дела и му е при срце на францускиот претседател Жак Ширак. Веќе никаде не патува без музејскиот каталог и вели:

„Музејот е симбол за една Франција што ги познава и ги признава културите на светот и им помага во дијалогот„.

Ширак со музејот самиот си дигна споменик. Претходно тоа го направија и неговите претходници: Жорж Помпиду со истоимениот културен центар, и Франсоа Митеран со новата национална библиотека. Дали музејот ќе го носи името на Ширак:

„Не знам дали е тоа добра идеја, но ќе се чувствувам многу почестен„.