1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Музејот на невиноста“ на Орхан Памук

Орхан Памук е најпознатиот турски писател. Во 2006. ја доби Нобеловата награда за литература, како прв Турчин воопшто. Неодамна на својот роден град Истанбул му подари музеј, инспириран од неговата литература

Во Чукурчума, еден од најстарите квартови во Истанбул се наоѓа „Музејот на невиноста“ на Орхан Памук. Неговиот истоимен роман беше објавен во 2008 година. Тоа е приказна за еден богат жител на Истанбул кој од љубов кон една жена ги собира сите предмети кои таа ги допрела.

Токму тие предмети сега можат да се видат во музејот.

Buchcover Orhan Pamuk Das Museum der Unschuld Hochformat

„Романот и музејот се родија паралелно. Воопшто не беше случај, најпрво да напишам успешна книга, а потоа да помислам: е сега од тоа треба да изградам музеј“, вели Орхан Памук.

Зградата согласно историски нацрти ја реставрираа германски архитекти. Тука оживеа Турција од 70. и 80. години од минатиот век. Растот на армиската доминација, протестите на левичарски студенти- од оваа политичка перспектива Памук дава живописна слика на турското општество.

„Во Турција од една страна постои копнеж за Западот, но во истовреме општеството е силно испреплетено со исламските вредности и со сопствената традиција. Токму на тие спротивности почива мојата земја“, објаснува Орхан Памук.

Самиот Памук живее меѓу Турција и САД, и тоа од 2005 година, кога против него беше подигнато обвинение поради политичките изјави за конфликтот со Ерменците. Сега со сопствени пари тој ја финансира работата на музејот кој стана место-потсетник, и за него и за неговиот град Истанбул.