1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис со влошена оценка за Германија

Американската рејтинг агенција Мудис ги намали прогнозите за кредитоспосбноста на Германија од стабилно на негативно ниво. Освен на Германија, агенцијата ја намали оценката и за Холандија и Луксембург.

Втор силен удар за германсктата влада: одлуката не значи безусловно дека на најголемото стопанство во еврозоната во блиска иднина му се заканува губење на топ бонитетот. Таа меѓутоа е укажување дека се стеснува просторот доколку се влоши состојбата со јавните финансии. Првиот чекор за намалување на кредитоспосбноста е негативен изглед.

Несигурност во еврозоната

Како причина за проверка на рејтинзите на трите земји Мудис ја наведе растечката несигурност од исходот од должничката криза во еврозоанта. Германија, Луксембург и Холандија, три земји кои во моментов имаат највисок бонитет, тројно А, исто така запаѓаат во опасност, предупредуваат експертите на агенцијата во Њујорк. Во Германија освен тоа може да биде погоден банкарскиот сектор доколку кризата се заостри, зашто тој деловно е тесно поврзан со Шпанија и Италија, што го зголемува ризикот.

Станува се’ поизвесно дека Грција ќе мора да ја напушти еврозоната, се вели понатаму во извештајот на Мудис. Дури и ако ова сепак не се случи, може да се очекува дека земјите како Шпанија и Италија ќе имаат потреба од натамошна помош. Европските држави со многу добар бонитет тогаш ќе мораат да бидат носители на новата финансиска помош, смета Мудис.

Deutschland NS-Zeit Bauten in Berlin Finanzministerium

Од министерството за финансии во Берлин велат дека Германија останува стожерот на стабилност во еврозоната

Министерство за финансии: Германија останува стожер за стабилнсот

Германското министерство за финансии реагираше непосредно по објавувањето на оценката на Мудис и нагалси - Германија и натаму останува стожер на стабилноста во еврозоната. Проценката на Мудис во преден план ги става краткорочните ризици, додека долгорочните изгледи за стабилност не се споменати. „Оценката на Мудис“ е примена назнаење, се вели од Берлин.

Рејтинг агенцијата ја оценуваше и кредитоспособноста на Финска. Нејзините изгледи ги оцени и натаму како стабилни. Образложението е дека земјата има мал пазар, но банкарскиот систем е фокусиран на домашниот пазар, од кој произлегуваат мининмални ризици.