Мудис: Помошта од ММФ не ги штити државите од банкрот | Економија | DW | 14.08.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис: Помошта од ММФ не ги штити државите од банкрот

Четири држави од еврозоната-Грција, Ирска, Португалија и Кипар во моментов добиваат финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд во рамките на меѓународните напори за помош на овие кризни економии.

Државите кои добиваат помош од Меѓународниот монетарен фонд не се автоматски заштитени од неможноста да ги отплатуват своите долгови, се наведува во студијата на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“.

„И покрај солидната поддршка на овие програми, државите кои добиваат помош од ММФ поради долгорочни слабости се изложени на голем ризик на неможност на отплаќање на долговите“, се наведува во студијата објавена во вторникот. Студијата се однесува на периодот од 1983. до 2012. година и покрива 168 држави од кои 114 добиле помош од ММФ. Според Мудис, 16,4 проценти од тие држави не биле во можност да ги исполнат должничките обрски 5 години по добивањето на помош од ММФ. „Половина несолвентни држави од 1983. претходно имале програми на помош од ММФ“, наведува Мудис кој со тоа објаснува зошто не практикува оценката за кредитните можности на некоја држава да се зголеми кога таа ќе добие помош од Фондот. За тие речиси 30 години бројот на несолвентни беше дури двојно поголем меѓу земјите кои добија помош од ММФ, се наведува во студијата. Мудис големиот број го објаснува со тоа дека земјите кои бараат помош од ММФ, и онака имаат „фактори на ризик“, како што се банкарската криза или големиот товар од долгови, кои можат да ги доведат до неможност да ги исплатат долговите.

Најпознат пример е Аргентина која кон крајот на 2001. година мораше да се откаже од враќање на долговите на голем дел кредитори, а предходно неколку години добиваше помош од ММФ. Мудус наведува дека студијата сепак покажува дека „големото мнозинство“ држави кои ги поддржува ММФ, не станале несолвентни, иако многу од нив немаат пристап до финансискиот пазар. „Тоа е доказ дека програмите на ММФ често успеваа да го намалат ризикот од неможност на враќање на долгови“, наведува Мудус, ублажувајќи ја предходната оценка на студијата.

По намалувањето на помош од ММФ во текот на 2000.година бројката на пакети за помош на таа финансиска оранизација повторно почна да расте со избивање на финансиската криза во 2008. Сега повеќе од 60 држави добиваат заеми од ММФ, главно во Африка, наведува агенцијата Франс Прес. Четири држави во еврозоната- Грција, Ирска, Португалија и Кипар, исто така добиваат финансиска помош од ММФ во рамки на меѓународните пакети помош дадени заедно со ЕУ.