1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис го намали рејтингот на 15 банки

Американската рејтинг агенција „Мудис“ го намали рејтингот на 15 големи светски банки, меѓу нив и на „Дојче банк“.

Американската агенција „Мудис“ за по два степени ги намали кредитните рејтинизи на 15 големи северноамерикански и европски банки. Во своето соопштение „Мудис“ ваквата одлука ја образлага со ставот дека постојат ограничени можности за догорочните перспективи за раст на профитот на овие банки и за проширување на нивните активности.

Агенција изрази посебна загриженост за банките кои се активни на берзите на капитал, во услови кога се зголемува нивната несигурност, се додава во соопштението.

Покрај на „Дојче банк“, „Мудис“ го намали рејтингот меѓу другите и на „Банката на Америка“, „ЏП Морган Чејз“, „Ситигруп“ и „Голдман Сакс“, швајцарската „Креди Свис“, британските „ХСБЦ“, „Кралската банка на Шкотска“ (РБС) и „Лојдс Бенкинг“, француските „БНП Париба“, „Креди Агрикол“ и „Сосиете Женерал“ и на канадската „Кралска банка на Канада“ (РБЦ).

Со најновите намалувања, меѓу овие 15 банки најнизок рејтинг Баа2 имаат „Банката на Америка“ и „Ситигруп“.

Оваа оценка значи дека банките можат да обезбедат полоши услови за ликвидност, бидејќи инвеститорите поради зголемените ризици бараат повиски камати.