1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис го намали бонитетот на 13 италијански банки

Американската рејтинг агенција „Мудис“ ја намали оценката за кредитоспособноста на 13 италијански банки, во некои случаи и за два степена.

default

Агенцијата „Мудис“ ја образложи одлуката со растечкиот ризик кој произлегува од намалениот кредитен рејтинг на италијанската држава, решение кое Мудис го донесе во четвртокот минатата недела (12.07). Намалувањето на оценката за долгорочната кредитоспособност на Италија за два степена од „А3“ на „Баа2“ имплицира висок ризик дека италијанската влада не би била во состојба да ги поддржи банките кои се западнати во проблеми, се вели во образложението на американската рејтинг агенција.

Меѓу погодените банки се и најголемите кредитни институции во земјата „Уникредит“ и „Интенса Сан Паоло“. Рејтинзите на „Интеса Сан Паоло“ и „Уникредит“ се намалени од А3 на Баа2.

Во соопштението на „Мудис“ се посочува дека рејтинзите на седум италијански банки се намалени за едно ниво, а на шест за две нивоа. Дополнително на ова „Мудис“ даде и негативна перспектива за идните рејтинзи на сите 13 банки.

Полоша оценка за кредитоспособноста вообичаено со себе носи повисоки трошоци за камати при земањето кредити. Покрај на „Интеса Сан Паоло“ и „Уникредит“, „Мудис“ ги намали рејтинзите и на „Уникредит Лизинг“, „Банка Карафиренце“, „Банка ИМИ“, „Банка Монте Парма“, „Каса ди Риспармио ди Парма е Пјаченца“, „Банка Популоре Фриуладриа“, „Банка Кариџе“, „Кредито Емилијано“, „ГЕ Капитал СпА“, „Каса Депозити е Престити“ и на „Иституто Серици Меркато Агриколо Алиментаре“.