1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Мудис“ го деградираше шпанскиот банкарски сектор

Агенцијата „Мудис“ го намали рејтингот на голем број шпански банки, и тоа само неколку часа откако Мадрид официјално побара финанска помош од ЕУ за загрозениот банкарски сектор. За иста цел помош побара и Кипар.

Сприралата на економски проблеми на Шпанија продолжува да се врти. Рејтинг агенцијата „Мудис“ со еден удар ја намали оценката за кредитоспособноста на вкупно 28 шпански банки. Кредитниот рејтинг за некои банки беше намален за цели четири степени - невообичаено длабок пад во невообичано тешки времиња за земјата.

Меѓу погодените од мерката на „Мудис“ се вбројуваат и водечките шпански банки „Банко Сантандер“ и „ББВА“, но пред се’ поголем број помали кредитни институции. Имено кредитниот рејтинг на „Банко Сантандер“ е намален за два степена од А3 на Баа2, што се смета за средна оценка, додека намалување за три степени од А3 на Баа3 претрпе кредитоспособноста на анката ББВА.

„Шпанија не може сама да им помогне на своите банки“

Ratingagentur Moody's stuft Bonität spanischer Anleihen herab

Шпанија не е во можност самата да ги помогне своите банки

И, додека двете големи банки по намалувањето на рејтингот и натаму имаат задоволувачка кредитоспособност, голем број регионални банки се деградирани на т.н. „ниво на ѓубре“. Оваа оценка за инвеститорите е важен сигнал дека постои опасност да ги загубат своите пари.

„Мудис“ намалувањето на рејтингот на 28 од вкупно 33 шпански банки го образложи со тоа дека шпанската држава се’ помалку е во состојба да им помогне на загрозените банки. Шпанија и самата на меѓународните пазари на капитал во меѓувреме мора да се задолжува за далеку повисоки камати. Владата во Мадрид само неколку часа пред објавувањето на одлуката на „Мудис“ поднесе официјално барање за помош за нејзиниот банкарски сектор од европските спасувачки фондови.

Колку пари точно ќе и бидат потребни на Шпанија за спас на нејзините банки, владата во Мадрид досега нема наведено. Две независни анализи дојдоа до сума од најмалку 62 милијарди евра.

И Кипар побара помош за своите банки

Zypern Eurokrise Krise Euro Geld Wirtschaft Symbolbild

Кипар е петата држава од еврозоната што бара финансиска помош

Покрај Шпанија вчера официјално барање за финансиска помош од ЕУ упати и Кипар, со што стана петта членка на еврозоната која го сторила тоа. За малата островска држава главен проблем стана тесната поврзаност на нејзините банки со финансиските институции на Грција, која подолго време се тетерави на работ на банкрот.

За да се санираат големите штети, што кипарскиот банкарски сектор ги претртпе поради кризата во Грција, според првичните проценки ќе бидат потребни меѓу четири и пет милијарди евра, што е мала сума во споредба со онаа што ја добиваат или ќе ја добијат останатите четири земји приматели на помош од европските спасувачки механизми, Ирска, Португалија, Грција и Шпанија.

Но, барањето за помош од страна на третата најмала економија во еврозоната добива поголемо значење со оглед дека Кипар на 1-ви јули го презема шест-месечното претседателствувањето со Европската унија.