1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис ги пофали германските банки

Првпат по повеќе од пет години, рејтинг агенцијата Мудис е на мислење дека германскиот банкарски систем е повторно во подобра состојба.

Мудис, оценувајќи ги германските банки, ги подобри своите прогнози за наредната година и половина на ниво „стабилни“. Германските банки од април 2008 година имаа оценка „негативни“.

Оценките на рејтинг агенциите, и покрај тоа што тие се често предмет на критика, се важни за браншата. Голем дел од инвеститорите ги третираат многу сериозно оценките за бонитет. Подобри рејтинзи значат дека банките може да на пазарот на капитал да доаѓаат до пари по подобри услови.

Според Мудис, која даде оценка врз основа на состојбата на 40 банки, германските банки во изминатата година ги намалиле своите загуби и го зајакнале сопствениот капитал. Причина за растечкиот оптимизам на рејтинг-експертите е стабилната конјуктура во Германија. Има малку фирми кои не можат да си ги отплаќаат навреме кредитите и тоа така ќе остане и во блиска иднина, затоа што стопанството, според екпертите, во догледно време ќе бележи натамошен пораст. Истовремено, банките се ослободуваат чекор по чекор од ризичните хартии од вредност.