1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мудис ги намали изгледите за ЕУ на негативни

Рејтинг агенцијата Мудис ја предупреди Европската унија дека ќе го намали нејзиниот рејтинг. Во текот на ноќта (03/04.09) изгледите за топ-бонитетот што во моментов го има ЕУ се спуштени на негативни.

Рејтинг агенцијата Мудис ваквиот свој чекор го образлага со негативните изгледи за рејтингот на Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, земји кои најмногу придонесуваат во буџетот на Европската унија. Мудис засега останува на врвната оценка за рејтингот на ЕУ, „ААА“. Сепак, предупредувањето од страна на агенцијата би можело да предизвика зголемување на притисокот врз Европската централна банка за предлагање детален план за борба против европската должничка криза, и тоа веќе на седницата в четврток (06.09).

Во јуни Мудис ја потврди топ-оценката за бонитетот на Германија, Холандија и Луксембург, но изгледите ги намали од „стабилни“ на „негативни“. Како причина тогаш беше наведена растечката несигурност околу можниот излез на Грција од еврозоната. Со тоа би се зголемил ризикот за Италија и Шпанија.

Symbolbild Krise Euro EU Währung Schulden

За должничката криза и чекорите што треба да се преземат денеска (04.09) во Берлин ќе разговараат германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој. На средбата, покрај состојбата во проблематичните земји на Унијата, треба да стане збор и за планираната банкарска унија, под што Европската комисија подразбира Фонд за реструктуирање, банкарски надзор и заеднички мерки за заштита на влоговите на штедачите во банките во случај на банкрот.

Во главниот град на Германија денеска се очекува и грчкиот мниистер за финансии Јоанис Стурнарас кој треба да има средби со министрите за финансии и за надворешни работи, Волфганг Шојбле и Гидо Вестервеле. Стурнарас најверојатно ќе го претстави најновиот пакет мерки за штедење во износ од 12 милијарди евра. Се очекува тој да ја повтори молбата на грчкиот премиер Антонис Самарас, која патем досега не наиде на позитивен одек, на Грција да и‘ се даде повеќе време за спроведување на мерките за штедење и за реформи.