1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Мудис“ будно го следи рејтингот на еврозоната

Рејтинг агенцијата „Мудис“ ќе врши засилен надзор врз кредитоспособноста на земјите од еврозоната и на целата ЕУ. Евентуална одлука за намалување на бонитетот ќе падне дури во првиот квартал од 2012 година.

default

Рејтинг агенцијата „Мудис“ изрази незадоволство од заклучоците на ЕУ-самитот посветен на решавање на должничката криза. Во соопштението на „Мудис“ се истакнува дека на кризната средба не е понудено ништо ново, политиката нема на лагер решавачки мерки за краткорочно стабилизирање на финансиските пазари, па нема промена во оценката на агенцијата за загрозеност на еврозоната. Само мал дел од најавените итни мерки носат новини, останатото наликува на поранешните најави, сметаат аналитичарите на „Мудис“. На членките на еврозоната и на целата ЕУ и натаму им се закануваат натамошни „шокови“. Колку остануваат колебливи реакциите на политиката на кризата, толку се поголеми ризиците на неповолен развој со можни државни банроти, вели агенцијата во соопштението.

Резултатите од проверката на кредитоспособноста на земјите од еврозоната „Мудис“ ќе ги соопшти во првиот квартал од 2012 година.

Американската агенција уште во ноември предупреди од распад на еврозоната. Во тоа време како ризик не беа сметани за пресудни само политичките несигурности во Грција и во Италија.

Пред една недела, кратко пред кризниот самит на ЕУ, конкурентот на „Мудис“, „Стандард и Пурс“, исто така се закани со намалување на оценката за бонитетот на Германија и 14 други од вкупно 17 земји од еврозоната. Со тоа на Германија и на пет други земји им се заканува губење на топ-оценката ААА. „Стандард и пурс“ се закани и со намалување на оценката на европскиот фонд за спас на еврото, ЕФСФ.

Brüssel Krise Beratung 09.12.2011

Саркози е оптимист

Саркози е оптимист

Францускиот претседател Никола Саркози пак, денеска изрази надеж во скора примена на заклучоците на ЕУ за должничката криза. Тој верува дека до летото 2012 година тие ќе бидат ратификувани во сите држави кои ги донесоа. Саркози жали што тој и германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја да ја убедат Велика Британија да учествува во заклучоците. Можното губење на топ-рејтингот на францускиот бонитет би предизвикал дополнителни проблеми, но тие не се несовладливи, смета Саркози.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ дпа/ ртре/ афп

Редактор: Александра Трајковска