1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мудар шаховски потег

Рускиот претседател Медведев издаде наредба за запирање на воените операции на руските сили во Грузија. Меѓународната заедница ја поздрави одлуката, грузиската влада пак обвини дека таа не се почитува.

default

Одлуката на Медведев примена со олеснување

Четири дена од почетокот на борбите во Јужна Осетија и Грузија рускиот претседател Дмитри Медведев нареди запирање на воените операции на руската армија. Целта е постигната - порача Медведев: „Нашите воени сили ја казнија Грузија, и безбедноста на цивилите и на руските мировници во Јужна Осетија е гарантирана. Но ако нашите трупи бидат нападнати, тие треба да се бранат“- порача Медеведев за време на телевизиски пренесуваната средба со министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков.

Постапката на Медведев предизвика олеснување на западот

Непосредно пред ЕУ и НАТО да се вмешаат во конфликтот како посредници, претседателот Медведев издаде наредба за ставање крај на борбите. Без оглед на се, постапката на Медведев беше примена со големо олеснување на западот. Првиот дипломат на ЕУ Хавиер Солана ја поздрави одлуката а американскиот амбасадор во ОН, Залмај Калилзад ја оцени како позитивна.

Францускиот претседател Никола Саркози кој непосредно потоа пристигна во Москва во улога на посредувач за време на средбата со Медведев во Кремљ зборуваше за добри вести. „Русија мора својата моќ да ја користи за осигурување на мирот во регионот“ - изјавил Саркози. На средбата на двајцата претседатели се приклучил и рускиот премиер Владимир Путин. Саркози во својство на претседавач со ЕУ по средбите во Москва треба да отпатува во Тбилиси.

Тој меѓутоа се наоѓа пред тешка задача зашто изгледите Москва да седне на заедничка преговарачка маса со Тбилиси во моментов се минимални: „Не верувам дека Русија ќе води разговори со грузискиот претседател Сакашвили. Тој изврши злосторства против нашите граѓани без да мисли на последиците. Би било подобро, доколку тој би заминал од функцијата.“ - порача денеска во Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој меѓутоа потенцираше дека Русија нема намера да го собори Сакашвили од власт.

Грузија обвинува дека борбите продолжуваат

Грузиската влада од друга страна во соопштение објави дека и покрај наредбата за запирање на воените дејства, руските авиони продолжиле да бомбардираат села на грузиска територија. Преку 150 илјади луѓе во Тбилиси демонстрираат против руската агресија и во знак на подршка на грузискиот претседател Сакашвили, кој се обрати пред демонстрантите најавувајќи дека Грузија ќе се повлече засекогаш од Заедницата на независни држава, во која членуваат земјите од поранешниот Советски сојуз.

Инаку во текот на ноќта и изутрината руските авиони непрестано бомбардираа цели во Грузија особено во и околу градот Гори, каде што меѓу жртвите е и еден камерман на холандска телевизија.

Вонредна седница на амбасадорите на НАТО

Поради неможноста да полета од аеродромот во Тбилиси своето учество на денешната средбата со НАТО-амбасадорите во Брисел го откажа министерката за надворешни работи на Грузија, Ека Ткешелашвили. Амбасадорите на НАТО во меѓувреме ја одржаа вонредната седница посветена на конфликтот меѓу Русија и Грузија изразувајќи сериозна загриженост за ситуацијата во Грузија. Американскиот амбасадор во НАТО по средбата изјави дека многу амбасадори порачале дека односите со Русија не можат да останат непроменети.

DW.COM