1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мугабе сака да остане претседател – критики дома и во странство

Во Зимбабве, како и во странство е критикувано решението на претседателот Роберт Мугабе повторно да се кандидира за шеф на државата. Опозицијата во земјата тоа го оцени како “трагедија за дипломатијата”. Американското министерство за надворешни работи побара да се засили притисокот врз 83-годишниот Мугабе. Вашингтон е посебно разочаран од шефовите на држави или на влади од земјите во соседството на Зимбабве, кои на последниот самит избегнаа критика на сметка на Мугабе и дури побараа укинување на санкциите од Западот против Зимбабве.