1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мубарак не поднесе оставка

Египетскиот претседател Хосни Мубарак ги разочара илјадниците демонстранти и сите, кои се надеваа дека ќе поднесе оставка. Тој вети уставни промени и пренесување поголеми надлежности на потпретседателот Омар Сулејман.

default

Хосни Мубарак

Египетскиот претседател Хосни Мубарак, во говорот до нацијата преку државната телевизија вечерва (10.02.2011) најави дека ќе ги почитува барањата на народот, чии намери ги смета за правилни, но не спомена оставка и брзо повлекување од функцијата. Тој најави подготвеност за натамошни уставни промени, кои ќе водат кон одржување фер избори во септември, на кои тој нема да се кандидира. Шефот на државата апелираше на гордоста на своите сонародници и на создавање меѓусебна доверба. Мубарак најави казнување на сите кои се одговорни за насилството врз мирните демонстранти. Грешки во сите системи се можни, истакна 82-годишниот Мубарак, но треба тие да се признаат. Египетскиот претседател изјави дека се срами од она што се случи во неговата земја и сака да ја води во мир и безбедност и излез од кризата, но без да потклекнува на странски диктати. Демонстрантите на Тахрир плоштадот во центарот на Каиро, каде се протестира повеќе од две недели против актуелниот режим, останаа разочарани од говорот на Мубарак, чија оставка претходно ја сметаа за речиси извесна и веќе ја славеа. Надежите ги подгреаја изјави на генерали и официјални лица дека вечерва Мубарак ќе ги задоволи нивните барања. Репортерите во своите извештаи од Египет изразуваат стравување дека ситуацијата може да се заостри и да дојде до нови протести и насилства, како оние во минатите 17 дена, во кои загинаа повеќе десетици демонстранти. Автор: ЖА/нтв/ард

DW.COM