1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мубарак излезе од затвор

Долгогодишниот египетски властодржец Хосни Мубарак денеска (22.08) е ослободен од затвор. Хеликоптер го пренесе 85-годишникот во воена болница во Каиро. Тој ќе остане во куќен притвор, соопштија неговите адвокати.

Ослободувањето од затвор на Мубарак, кој 30 години владееше со цврста рака, може дополнително да ја вжешти ситуацијата во Египет. Само во минатите денови во борбите меѓу безбедносните сили и следбениците на наследникот на Мубарак, во меѓувреме исто така соборениот претседател Мохамед Мурси, загинаа над 900 луѓе. Ова е најлошиот бран насилство во поновата историја на земјата. Мурси, првиот демократски избран претседател, беше обезвластен на 3 јуни од страна на војската. Многумина Египќани во ослободувањето на Мубарак може да гледаат рехабилитација на стариот режим и удар за демократското движење. Земјата е длабоко поделена.

Екс-претседателот Мубарак е ослободен од затвор по налог на државното обвинителство.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Брелин рече дека Германија очекува земјата да се врати кон политичкиот процес со учество на сите страни. САД и ЕУ засега безуспешно се обидуваат да спречат ескалација на состојбата.

Засега е неизвесно и непредвидливо дали ќе дојде до нови протести. Населението го собори омразениот Мубарак во јануари 2011 година во рамките на т.н. Арапска пролет. Обвинет за убиство на демонстрантите за време на бунтот против неговото владеење, тој подоцна беше осуден на доживотен затвор. Во јануари Апелационен суд нареди нова постапка. Во меѓувреме истече максимално законски одредениот рок за притвор во случајот.