1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мубарак е во кома

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, по преживеаниот срцев удар, се наоѓа во кома и вештачки се одржува во живот.

Информациите дека Мубарак е во кома ги пренесуваат независните медиуми во Египет, повикувајќи се на лекарски извори. Претходно, египетската државна новинска агенција МЕНА јави дека 84-годишниот Мубарак е „клинички мртов“, што од страна на владејачкиот Воен совет беше демантирано како „бесмислица“. Според МЕНА, срцето на Мубарак престанало да чука и употребата на дефибрилатор прво не дала резултат. По ударот, поранешниот египетски претседател бил префрлен од затворот Тора во воената болница Маади, во јужниот дел на Каиро.

Мубарак се повлече од функцијата на почетокот на 2011 година, по повеќенеделните протести на населението против неговиот режим. Тој во Египет беше речиси 30 години на власт. На почетокот на овој месец беше осуден на доживотна казна затвор поради смртта на 800 демонстранти на протестите од минатата година.