1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мубарак ги отфрли обвинувањата за убиства

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак пред судот во Каиро ги отфрли обвинувањата за убиство на стотици демонстранти и корупција за време на владеењето со земјата. Адвокатите на загинатите бараат смртна казна

default

Државната телевизија врши директен пренос на процесот

„Во целост ги отфрлам сите овие обвиненија“, рече Мубарак кој на судот му се
обрати од носилата сместени зад железни решетки. И синовите на Мубарак, Ала и Џамал, на кој исто така им се суди, ги отфрлија обвинувањата држејќи ја во рацете муслиманската света книга Куранот. Адвокатот кој ги застапува семејствата на убиените рече дека Мубарак му наредил на министерот за внатрешни работи да ги убие демонстрантите и поради тоа побара смртна казна за министерот.
Хосни Мубарак - со децении најмноќниот човек во Египет, „фараонот“, како што го нарекуваа медиумите за време на револуцијата, од денеска се наоѓа пред суд. Поранешниот претседател, неговите синови Гамал и Алаа, поранешниот министер за внатрешни работи, Хабиб ал-Адли и шест началници на безбедносните сили се товарат за смртта на околу 850 демонстранти, кои го изгубија животот за време на осумнаесетдневната револуција на почетокот од годинава. Во најлош случај, Мубарак би можел да добие дури и смртна казна.

По различните шпекулации околу здравствената состојба на 83-годишниот поранешен диктатор, државното обвинителство во неделата официјално го покани на денешното судење. Процесот, кој би можел да го означи крајот на една ера во долгата историја на Египет, се одржува на место полно со симболика. Судницата е сместена во поранешната полициска академија, во една од каирските населби. Зградата многумина ја поврзуваат со повеќедецениско убивање и мачење на политичките противници на Мубарак.

Расчистување со минатото

Ägypten Anti-Mubarak Demonstration Prozessbeginn

Демонстрантите веќе му пресудија на Мубарак

Откако беше симнат од власт на 11. февруари, Мубарак се повлече во египетското летувалиште Шарм-ел-Шеик, додека неговото здравје нагло се влоши, што доведе и до пад во кома. Многумина дури бараа судењето на Мубарак да се одржи во Шарм-ел-Шеик, со цел да се намали опасноста поранешниот диктатор да почине пред судењето воопшто да почне. Меѓутоа, демонстрантите, кои во февруари го симнаа од власт, не отстапија од барањето процесот да се одржи во Каиро. Постојат индиции дека секое одложување на судењето може да биде причина приврзаниците на демократското движење во земјата, кои и онака не се задоволни од брзината со која преодниот Воен совет ги спроведува реформите, повторно да излезат на протести на египетските улици.

Многу набљудувачи сепак се сомневаат дека пресудата за Мубарак, каква и да е, ќе донесе драстични промени во земјата. „Доколку Мубарак биде прогласен за виновен, тоа можеби ќе им помогне на Египќаните да расчистат со минатото, но тоа сигурно нема да го сопре процесот на влошување на ситуацијата во земјата“, смета Кристијан Улрихсен, експерт за Блискиот Исток и Северна Африка при Лондонската економска школа. Улрихсен додава оти на жителите на Египет им е јасно дека судењето на Мубарак е само врвот на ледената планина. Имено, демонстрантите стравуваат дека преодниот Воен совет, кој владее со државата до следните претседателски избори, се` уште е на страната на Мубарак, кој до неодамна им беше врховен заповедник.

Автор: Ник Амис/Трајче Тосев

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM