1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мртва трка во Израел

Владеачката партија „Кадима“ освои најмногу гласови и 28 пратенички места, велат првичните резултати по речиси сите преброени гласови. Партијата има само еден мандат повеќе од главниот ривал-десноконзервативниот „Ликуд“.

default

Огромна неизвесност околу тоа кој ќе биде премиер - Ципи Ливни или Бенјамнин Бетанјаху?

Поради „тесниот“ резултат на изборите, челниците на двете партии - министерката за надворешни работи, Ципи Ливни и Бенјамин Нетанјаху се прогласија за победници и најавија дека ќе бидат идни премиери на земјата.

Поради ваквиот исход неизвесно е кому претседателот, Шимон Перес ќе му го додели мандатот за составување на владата, откако ќе ги заврши консултациите со лидерите на партиите, коишто ќе влезат во Кнесетот. Според законот, претседателот може да му го даде мандатот кому сака, но според практиката, тој му се дава на кандидатот којшто има најдобри шанси да формира коалиција. Тоа традиционално го добива лидерот на победничката партија, но не значи дека мандатот му припаѓа и автоматски. Теоретски, сега Ципи Ливни би требало да ја формира идната влада, но тешко дека ќе успее да обезбеди мнозинство во парламентот. Партиите од левиот центар

Symbolbild - Unsicherheit nach der Wahl in Israel

По изборите единствено се знае дека ништо не се знае

имаат вкупно 55 мандати. Од друга страна, десниот блок предводен од „Ликуд“, според проценките, има јасно мнозинство од 65 мандати, така што нивниот лидер Нетанјаху има најдобри шанси да формира влада. Потпирајќи се на поддршката од ултранационалистичката „Изреал Бејтену“, којашто со освоени 15 мандати ќе биде трета сила во парламентот, и од останатите националистички и религиозни партии, Нетанјаху веќе се прогласи за иден премиер. И Гидеон Сар, член на Ликуд, смета дека неговата партија е победник:

„Говорам малку претпазливо, поради малата разлика меѓу гласовите поради што мора да ги почекаме официјалните резултати. Но, едно е јасно–драматично се зголеми поддршката за „Ликуд“ во однос на изминатите избори. Второ, мнозинството го поддржало десниот блок којшто ја одбива политиката на сегашната влада.“

Алтернатива на десничарската влада на Бенјамин Нетанјаху, би била голема владина коалиција. „Кадима“, „Ликуд“ и „Работничката партија“ која падна на четвртото место. Тие заедно може да имаат комфорно мнозинство во парламентот. Но, политичките цели на трите партии се многу спротивни, особено кога станува збор за мировните преговори со Палестинците и со Сирија. Токму затоа Палестинците не очекуваат дека исходот од изборите во Израел ќе донесе и голема промена на политиката на Тел Авив. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави:

„Која и било партија во Израел да формира влада, нема да го прифати решението за две држави. Тие нема да сакаат да го потпишат таквиот договор и ќе продолжат со агресијата и нападите. Ние нема да имаме друг избор и нема да ја сметаме за партнер во мировниот процес.“

Конечните официјални резултати ќе бидат објавени за осум дена, а потоа претседателот Перес ќе реши кому ќе му го додели мандатот.