1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мрачна сенка за африканскиот фудбал

Екипата на Того се повлече од фудбалскиот турнир за освојување на Купот на Африка откако нивниот автобус беше нападнат од сепаратисти, при што беа убиени двајца играчи.

default

Фудбалската репрезентација на Того

Нападот на бунтовниците врз фудбалската национална селекција на Того во Ангола е тежок удар за африканскиот фудбал. Сега речиси рефлексно ќе започне повторно дискусијата околу способноста на земјите од „црниот континент“ да се грижат за безбедноста за време на големите спортски настани. Делумно со право, делумно не.

Потценета закана

Со право, зашто на Африканскиот фудбалски сојуз всушност треба да му се постави прашањето - зошто најважниот турнир на континентот и‘ го доделил токму на Ангола? Состојбата во оваа земја, по завршувањето на граѓанската војна во 2002 година, значително се подобри, но и натаму постојат несигурни области. Зошто организаторите на Купот на Африка морале да распоредуват натпревари токму во немирниот регион Кабинда? Бунтовниците кои се борат за независност на оваа област, кои го нападнаа автобусот на фудбалската репрезентација на Того, тврдат дека ја предупредиле владата. Очигледно, заканата била потценета.

Сенки врз Купот на Африка

Kommentar bulgarisch

Обвинувањето од анголска страна дека тимот на Того ги игнорирал укажувањата за безбедност, делува неубедливо. Ако организаторите вистински и изречно предупредиле, тогаш тимот од Того сигурно немало да се упати со автобус во правец на Кабинда. Купот на Африка во Ангола по крвавиот напад нема веќе да биде фудбалски фестивал, како што беа претходните надежи. Загинатите и повредените од Кабинда ќе бидат сенка надвисната над турнирот.

Јужноафриканската Република не е Ангола

Од грешките и пропустите во Ангола да се извлекува заклучок дека и на Светското првенство во фудбал во Јужноафриканската Република, што почнува на 11 јуни, не може да биде гарантирана безбедноста, е недопустливо. Политичката состојба во двете земји не трпи споредби. Пред Светското фудбалско првенство во Германија во 2006 година, сигурно никој не би дошол на идеја да го доведува во прашање, ако беше извршен напад во некоја друга европска земја. Домаќините во Јужноафриканската Република не можат ништо против грешките на другите африкански држави. Но, секако, тие можат и треба да учат од нив.

Автор на коментарот: Штефан Нестлер

Превод: Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска