1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Мрачната историја на германскиот колонијализам

Грција и Египет одамна вршат притисок за да си го вратат историското богаство од европските музеи. Но во колонијалните времиња многу се крадело и од Африка, и голем дел од артефактите завршиле во Берлин

Берлин гради уште еден музеј каде од 2019 година треба да биде сместен Хумболтовиот форум. Највредниот дел од тој форум, именуван по познатиот германски истражувач, е збирката на Етнолошкиот музеј во Берлин. Денес таа збирка лежи на крајот на градот и Херман Парвингер, претседателот на Фондацијата за пруско културно богаство, смета дека со нејзиното префрлање на уметничкиот остров во центарот на Берлин и таа уметност ќе биде претставена рамноправно со ткн. „високи култури“.

Но, се слушаат и критики, на пример од иницијативата „Не за Хумболт 21“. Оттаму се противат на плановите бидејќи тие артефакти секако имаат нешто заедничко со „високите култури“ на Египет и Грција, имено, тие се украдени во колонијалното време.

„Всушност тоа е една од најголемите колекции на украдени уметности воопшто“, тврди политикологот Џошуа Квеси Ајкинс. Голем дел од нив потекнуваат од поранешната германска колонија Камерун. Таму биле упатувани ткн. „заштитни единици“, кои не биле ништо друго туку „колонијални походи во кои се освојувале и уништувале тамошните заедници, и каде што биле украдено сѐ што се сметало за вредно“, вели Ајкинс.

Ibrahim Njoya, König der Bamoum

Кралот Ибрахим Њоја

Голем дел од предмети ја смениле сопственоста и без насилство, но тоа останува само во доменот на теоријата. „Во односи во кои без сомнеж е јасно дека колонијалната сила ја има сета моќ, не може да стане збор за никаква размена. Тоа е случај на масовна кражба, изнуда и запленување“, историчарот Кристијан Коп.

Цивилизираните и „дивјаците“

На пример, во Берлин еден од најистакнатите експонати од Камерун е престолот на кралот Њоја украсен со бисери. Официјално, тој му бил подарен на германскиот цар Вилхелм Втори во 1908 година. Но тој подарок бил резултат на сосема очигледниот политички притисок врз кралот, кој со него сакал да добие милост од германскиот господар.

Во одредени случаи, дополнителен проблем е и тоа што бројни предмети

Beutekunst aus Afrika

Престолот на кралот Њоја

потекнуваат од приватни збирки на колекционери кои патувале во Африка.Прашање е на кој начин тие дошле до предметите, но честопати сосема легално или со тестамент артефактите им ги оставиле на европските музеи. Оттука, во правниот сектор на Фондацијата на пруската култура сметаат дека се е легално. Со таквото мислење се согласува и Мартин Шерер, претседател на етичката комисија на Меѓународниот совет на музеи:

„Стриктно согласно законот, тие предмети легално од колониите пристигнале во Европа“.

Чест аргумент на колонијалните велесили е дека тие ги „спасиле“ артефактите кои во спротивно би биле уништени од „дивјаците“. Донекаде тоа е и точно, но доколку како „дивјаци“ се сметаат колонијалните војници. На пример, во Берлин се наоѓаат околу 300 бронзени предмети од градот Бенин во Нигерија. Тие биле украдени од британски војници и потоа продадени на пазарот на уметности, за на крајот да стигнат до Берлин.

Заеднички изложби наместо враќање

Директорот на африканското одделение на берлинскиот Етнолошки музеј, Петер Јунге поради тоа се чувствува непријатно, но смета дека треба да се продолжи натаму. „Секако дека и по повеќе од 100 години имаме непријатно чувство. Но ние со претставниците на Нигерија се сложивме дека треба да престане да се поставува прашањето за законитоста, бидејќи тоа не води никаде. Сега заедничката цел ни е тие предмети да ги изложиме во Нигерија“, вели Јунге.

Beutekunst aus Afrika

Артфекати од Африка

Од друга страна, за бројни предмети воопшто и нема информации од каде и како стигнале во музеите во Европа. И бројни кустоси не знаат од каде им е богатството за кое се грижат во музеите.

Има случаи во кои артефактите и се враќаат, особено доколку имаат и поинакво значење за земјата од каде дошле. Па така, во 2003. на Зимбабве од Берлин му беше вратена фигура на птица која во таа култура има и обредно значење. Но, за критичарите на новиот Етнолошки музеј во Берлин, тоа не е доволно. Џошуа Ајкинс смета дека германската Фондација треба да инвестира и за истражување на потеклото на предметите. Таков пример има во Австралија со наследството на Абориџините, кој го опишува Ана Филипа Врдољак, историчарка на уметноста од Сиднеј.

„Кога ќе се открие од кои култури и заедници дошол предмето, тоа му користи и на музејот, па дури и ако се појават барања за враќање. Не треба да има страв од отворање на „Пандорината кутија“. Често се случува токму спротивното: дури и ако некоја заедница ги побара своите предмети, за возврат тие нудат некои други кои за нив не се толку важни“.

Но, во Берлин сѐ уште не стигнале до тоа искуство.