1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ ќе ја шири веронауката и преку сопствени медиуми

Македонската правослвна црква – Охридска архиепископија ќе основа национална телевизија со верски и образовни содржини. Во Охрид владиката Тимотеј пак ќе отвора верско радио. Првите емисии во етер ќе одат идната година.

default

Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје

По примерот на Ватикан , Грција и останатите земји во светот каде верските медиуми се реалност и се одраз на вербата на луѓето во различните религии тргнува и МПЦ – ОА. На една од последните седници на Синодот била донесена одлука да се испита можноста за отворање на сопствена национална телевизија.

„ Идејата е телевизијата да емитува содржини со верски и образовен карактер. Во никој случај таа нема да биде комерцијална и фреквенцијата бараме да биде само наша,“ вели владиката Пимен кој всушност бил задолжен од Синодот за разработка на овој проект.

Извори на Дојче веле од Советот за радиодифузија велат дека такво писмо со намери од МПЦ- ОА стигнало до нив, но се’ уште не е ставено на разгледување .

MPC

Седиштето на МПЦ во Скопје

По Национална телевизија и локално- верско радио во Охрид

Од друга страна владиката на Дебарско – кичевската епархија господин Тимотеј чие седиште е во Охрид не ја крие идејата во овој град идната година да проработи локално- верско радио:

„ Нашиот православен македонски народ е секаде религиозен и не треба сам во Охрид да биде надградуван на верски план, туку треба во цела Македонија. Но, идејата е догодина да отвориме едно локално радио во Охрид. Преку него ќе ја проучуваме верата, ќе ја запознаваме јавноста со традицијата, со житијата на нашите и останатите светители од православната христијанска црква.

Засега се’ е во фаза на идеја, кадар ќе се најде и ќе се бара помош од професионални новинари и друг персонал. Очекуваме Советот за радиодифузија да даде зелено светло за овој локален проект. Во тој однос ќе оди и барањето за фреквенција. До крај не сме ја разработиле концепцијата на програмата , но во секој случај ќе сакаме таа да трае повеќе часови во текот на денот и имаме амбиции и желба да им се доближиме на сите генерации слушатели“, открива за Дојче веле господин Тимотеј .

„ Иако профитот не е ни е цел, сепак не ја исклучуваме можноста радиото да биде комерцијално, ако за тоа постои законска рамка “, признава владиката Тимотеј. Тој не крие дека искуства црпат од повеќе места, па и од контактите со извесен свешетеник Василиј од Воден, кој во Уранополис кој навдно порано имал радио од овој тип, но поради старост го затворил, а опремата имал желба да ја подари токму во Охрид. Но господин Тимотеј додава дека Дебарско – кичевската епархија е подготвена сама да купи радио опрема бидејќи за толку е моќна и може сама да ја набави.

Neues aus Mazedonien 2011

Црквата Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник во Охрид

МПЦ ОА ќе формира медиуми , но не се откажува од веронаука во училиштата

На јавноста и се свежи настојувањата на Македонската православна црква и Исламската верска заедница преку Министерството за образование изучувањето на веронауката да стане наставен предмет во училиштата, кој подоцна падна на Уставен суд. Владиката Тимотеј во својство на портпарол на МПЦ- ОА со став дека еветуалното отворање на медиумите не значи и откажување на идејата од воведување на веронауката во образованието:

„ Програмата на радиото и ТВ нема да биде во класична смисла веронаука. Верска поука е кога се учи во училиште со книга пред себе и ние како црква нема да се откажеме од барањето и наоѓањето на начини и можности да се воведе во образованието. Од овој регион останавме само Албанија, Црна Гора и Македонија со комунистички систем на игнорирање на верата и традицијата, сите останати веронауката одамна ја имаат во училиштата“, вели господин Тимотеј.

Кога е во прашање Охрид веронауката и содржини од православието од пред две децении се составен дел на програмата на Радио Охрид кои беа и се слушани и омилени кај граѓаните. Емисии со верски содржини во циклуси со благослов на Дебраско – кичевската епархија емитува и локалната ТВМ .

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски