1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ ќе бара посредување од Руската црква

Делегација од МПЦ ќе патува во Русија кај поглаварот Алексеј втори за да посредува во споорт со СПЦ

default

Врвот на МПЦ ќе бара прием кај рускиот патријарх Алексеј втори,да го запознаат поглаварот на Руската православна црква за спорот што МПЦ со години го води со СПЦ.Обид да се обезбеди поддршка од влијателната во православниот свет руска црква и да се побара од неа да посредува во конфликтот.Освен оваа одлука Светиот архиерејски синод на МПЦ денеска реши да ангажира странска ревизорска куќа која ќе треба да ја испита финаниската ситуација во МПЦ и да расчисти дел од аферите кои во послендо време ја тресеа црквата особено нејзиното раководство.Поглаварот Стефан вели дека тоа е смислен обид да се дискредитираат владиците:

-Наше е да го браниме достоинството на црквата,да работиме,да градиме,Господ на помош нека ни е на сите,а времето и иднината ќе каже кој и за што токму во ова време некој сака да прикаже особено за архиепископот дека е криминалец,дека проневерил,дека отуѓил имоти.

Најголем финансиски скандал беше продажбата на црковен имот и издавањето под хипотека на хотел во сопственост на црквата.Познавачите на црковните случувања во Македонија ги оценија финансиските афери во врвот на МПЦ како подметнувања на владиците за меѓусебна пресметка.МПЦ ја поздрави одлуката на владата да воведе неколку нови верски празници.Што се однесува до спорот со СПЦ,МПЦ од лани во ноември чека одговор на писмото што беше испратено до српскиот патријарх Павле,како обид да се одмрзнат односите и да се иницира дијалог за надминување на проблемот.СПЦ и МПЦ со години спорат за името и статусот на Македонската црква.МПЦ бара автокефалност во православието под уставното име,а СПЦ инсистира црквата да се премиенува за да ја признаат останатите православни цркви.