1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ ја потресува нов финансиски скандал

Станува збор за хипотека на хотелот Изгрев во кој црквата откупила мнозински дел од акциите уште во екот на приватизацијата.

default

МПЦ е вовлечена во нов финансиски скандал,црковен имот вреден неколку милиони евра е даден под хипотека како гаранција за добивање банкарски кредит.Станува збор за струшкиот хотел Изгрев и земјиштето околу него,соптсвеност на МПЦ.Црквата во соработка со приватна фирма од Струга земнале два банкарски кредити за кои како гарант ги дала хотелот и земјиштето околу него.Поглаварот се обиде да ги ублажи негативните реакции во јавноста,отккао неколку овдешни медиуми предупредија дека црквата ќе го загуби својот имот бидејќи банките ја активирале хипотеката.Со типичен бизнис речник г.г. Стефан ја објасни зделката во која учествувала црквата:

-Се продаваше хотелот Изгрев,односно неговите акции и МПЦ ги откупи 59 проценти од акциите кои беа во сопственост на државата во тоа време.Меѓутоа,по примерот на многу наши хотели претпријатија и други слични институции и работни организации,тој хотел беше презадолжен заради неплатена вода,струја и секакви други услуги,измислени и додадени долгови,тој хотел отиде под стечај.Во тој момент беше формирано заедничко претпријатие,и беше откупен тој хотел со средства на браќата Миладиновци,но по договорот МПЦ има 51 процент од сопственоста.

Поглаварот смета дека ваквите афери се пуштаат за да му наштетат на угледот на МПЦ.На забелешките дека црквата е регистрирана како непрофитно граѓанско здружение,архиепископот се правда оти е се законски:

-Ако законот го дозволи тоа,зошто да не го направиме,веројатно законот го дозволил,затоа и сме го направиле.

И минатата година МПЦ ја тресеше финансиска афера,случајот Говрлево,кога црквата сакаше да продаде имот во Скопско на кој се наоѓаа цркви и манастири.Освен граѓаните реагираше и стручната јавност со осуда на црковните бизниси.