1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ: црковната дипломатија во акција

Афтокефален статус и неменување на името се двете основни позиции во преговарачката платформа што МПЦ ја подготвува пред најавеното обновување на дијалагот со црковен Белград.

default

Владиците од Македонската православна црква

Нема отстапки за автокефалноста и името, МПЦ ќе покаже флексибилност во однос на методите преку кои треба да се дојде до компромис, обаснуваат за „Дојче веле“ извори од црвковниот врв. МПЦ најверојатно ќе изрази подготвеност сослужувањето да биде рамката во која ќе се бара решението на долгогодишниот спор. МПЦ е согласна по црковен пат да се бара решение на политичкиот проблем, во литургиска комуникација, која ќе ги исклучи историските контексти кои ја обременуваат шансата за компромис.

Orthodoxe St.Naum Kirche beim Ohrid See, Mazedonien

Разговори со Руската црква

Патот на МПЦ до рамноправност во православието води преку црковен Белград. Тоа им е јасно на македонските владици кои исто така се свесни дека проблемот не е црковен, туку политички.

Црковната дипломатија деновиве е во акција. Во истовреме додека се утврдуваат преговарачките позиции, македонска црковна делегација беше во Москва по поддршка од Руската црква. Владиците Тимотеј и Петар во седиштето на најголмата православна црква разговарале со митрополитот Иларион Алфеев, претседател на одделот на Руската црква за надворешни работи.

Во МПЦ засега не откриваат детали од платформата и од посетата на Москва. Се очекува комуникацијата со СПЦ да се воспостави околу Петровден, голем христијански празник на 12 јули.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска