1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ се противи на притисоците од запад

Македонската православна црква реагира на предлозите и притисоците од запад врз македонските политичари за промена на уставното име на Македонија.

default

Последните дипломатски притисоци упатени од Брисел до македонскиот премиер Никола Груевски и кон Македонија ја загрижуваат јавноста.

Притисоците за промената на уставнотот име на Македонија кои доаѓаат од одделни десничарски партии од Европа, за митрополитот Тимотеј, не се ништо ново и непознато. Според Тимотеј на некаква евентуална промена жестоко би реагирала МПЦ и народот.