1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ ОА во 2014 со стари предизвици и искушенија

Расколот во црковните општини во Австралија е решлив, вели Владиката Тимотеј. Како портпарол на МПЦ ОА во интервју за ДВ тој има став и за Плаошник, Субрата Рој и користењето на социјалните мрежи.

Бевте администратор и на епархијата во Австралија, по Вас беше и владиката Петар. Тој неодамна рече дека не сака никој да му се меша во неговиот двор. Ќе одите ли во Австралија?

Во туѓи работи не сум се мешал, ниту имам такви намери. Но, не се плашам доколку некој смета дека има потреба да се меша во моите работи. Нека повели ако има мегдан и поле. Црквата не е таткојна ниту на митрополитот Петар, ниту на митрополитот Тимотеј. Австралискиот проблем е подолг. Постоеше и пред да бидам надлежен епархиски арихереј во Австралија. Проблемот кулминира и добива многу подраматични димензии со поделби, непријателства коишто се надвор од редот и поредокот на едно македонско ткиво, независно дали е црковно или национално. Кога би знел дека со моето одење во Австралија ќе се реши проблемот и да сум на смрттна постела би отишол да го решам. До овој миг не сум отишол бидејќи не гледам реален простор за мое делување во оние општини кои што се под мое раководство односно под Синодот, а јас пак експозиција на Синодот како администратор на тие општини кои што не се со официјалната австралиска епархија со која што администрира митрополитот Петар. Лично сметам дека разликите и поделбите и ставовите на едните кон другите со добра желба можат да се надминат.

Во што е всушност проблемот?

Во Австралија нема цркви или црковни општини кои не се македонски. Сите тие цркви се осветени од страна на македонски архиереји. Некои се осветени од покојниот Кирил како надлежен арихереј пред мене, некои ги осветив јас, а некои и од страна на митрополитот Петар, но денеска тие не се со него. Се пласира тезата дека тоа не се македонски православни цркви што е апсолутна лага и не е точно. Има поделби во несогласувањето со методите и со барањата кои на некој начин не се не црковни. Тој народ е навикнат да живее во едно поинакво општество кое е подемократично и често тоа го подразбира како

MPC

Црквата Св. Климент Охридски во Скопје

анархичност. Си зема повеќе права отколку што му припаѓаат, особено како на црковни луѓе коишто треба да почитуваат некој ред и поредок, каков што бара светата православна црква, вклучително и МПЦ.

Од црковен аспект. Каква е улогата на Игор Александров, што тој посредува?

Тој е избран од страна на околу 15 црковни заедници општини или цркви и овластен е од нив да ги застапува пред Синодот и пред мене како надлежен за тие цркви и црковни општини. Ми презентира Статут кој е потребен за регистрација на овие црковни општини во независна епархија од постојната. Не станува збор за сепаратна епархија надвор од крилото на МПЦ , туку независна од епархијата со којашто раководи митрополитот Петар. Површно го прегледав Статутот и најдов забелешки кои му ги предочив и дојдов до сознание дека е согласен Статутот да може да се дополни. Кога има желба може да се најдат формулации кои ќе ги задоволат и црковните и граѓанските права на луѓето кои што ги граделе тие цркви и општини.

Годинава ќе ја паметиме по одлуката на Синодот да го укине користењето на социјалните мрежи на Интернет по епархиите.

Синодот таа одлука според мене ја донесе многу набрзина без да се елаборира. Во секој случај одлуката ќе биде коригирана наскоро со препорака, колку и како да се користат социјалните мрежи. Бев против таа одлука. Сметам дека тоа е современо постигнување кое што ако се користи исправно нема зијан, пример земете го ножот. Со него можете да презентирате цивилизирано и културно јадење, но со тој ист нож можете да се самоубиете или да убиете некој друг. Тоа не значи дека ножот треба да се исфрли од употреба затоа што може да предизвика одредени штетни последици. Така е и со современите достигнувања како интернетот и социјалните мрежи.

Субрата Рој и изјавата за ДВ дека ниту по една цена не би му дале ни педа од црковниот имот ве вивна на насловните страници. Останувате на истото?

Цврсто стојам на ставот дека црквата не е подготвена да отуѓува ниту педа од манастирскиот имот. Уште нема ништо, никој не не контактирал, никој не побарал имот.

Плаошник се гради. Не ви изгледа ли прегабаритен во споредба со црквата?

Тоа е проект кој што е работен од стручни луѓе, го разгледуваше и Комисија на

Bischof Timotej Mazedonien Orthodoxe Kirche

Владиката Тимотеј

највисоко ниво, бев член во неа. Нормално е секому да му изгледа премало или преголемо. Сега се гради манастирско – црковен простор, а другиот дел се културно – просветни и научни центри замислени од државата, односно библиотека, галерија, експозитура на МАНУ и други. За жал Богословскиот факултет се уште не е започнат со градба. Црквата е центарот и сите објекти се околу неа. Тие што не знаат нека земат историја на уметност и на архитектура и нека ги погледнат манастирите на Света Гора, нека ги видат Бигорскиот манастир, Богородица Пречиста кај Кичево, Трескавец нека видат дека ништо поинаку не правиме на Плаошник од тоа што го правеле нашите предци почнувајќи од 9. век од кога постојат темели, па до 21. век.

До каде е признавањето на МПЦ ОА од страна на Српската православна црква?

Засега е статус кво. Српската православна црква постави услов – преговорите ќе отпочнат тогаш кога отец Враншковски ќе биде ослободен од затвор.