1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ-коалициски партнер на сите власти

Во Македонија се заборава дека мисијата на црквата е евангелизација, а на клерикализација -процес во кој политиката ја става црквата на прво место во политичкиот живот, предупредуваат експертите

Македонската православна црква (МПЦ) отсекогаш имала привилегирана положба во македонското општество, а  беше и предмет на преговорите во 2001 година. Идејата беше да се загарантира еднаква положба на сите верски заедници пред уставот, а тоа да не значи закана за секуларноста, како еден од суштинските принципи на демократијата, потсетува Билјана Ванковска, професорка на УКИМ.

Но, според неа, работите не само што не се менуваат, туку се влошуваат.

„Владејачката конзервативна влада на ВМРО-ДПМНЕ постојано настојува позицијата на МПЦ да ја поврзе со верниците кои се во „доминантен број во земјата", како што неодамна се изјасни еден пратеник од оваа партија. На тој начин, слободата на вероисповест се поврзува со некаков броен сооднос во општеството, па излегува од сферата на личните права и се прелева во политичката сфера", објаснува Ванковска.

Со тоа се имплицира дека македонската варијанта на секуларизам е специфична, па границата каде што завршува државата, а каде што почнува религијата е флексибилна категорија и определена од мешавина на либерални стандарди и од бројниот сооднос на верските заедници.

Флексибилен секуларизам

Ваквиот заклучок го потврдува Петко Златевски, професор на Богословскиот факултет.

„Како што граѓаните се верници така и црковниот клер е дел од општеството. Тие

Mazedonische Ortodox Kirche Orden

Поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

се рамноправни и навистина е тешко да се диференцира границата меѓу црквата и државата", вели Златевски. Но таа рамноправност не важи кога станува збор за обврските. Црквата со години не плаќа ДДВ за своите услуги, а ниедна власт досега не го регулираше ова прашање, бидејќи на теренот на верското, добива гласови за световното владеење.  

Токму поради неможноста за секуларна демаркација, великодостојниците на МПЦ постојано се однесуваат како неформални коалициски партнери на сите власти- со ставови за стратегиски државни прашања, со осветување државни објекти, со благословување воени единици и со обид за влез во образованието преку веронаука. Богословскиот факултет веќе е член на најголемиот државен универзитет и годинава свечениот академски час се одржа таму, што предизвика бројни реакции поради различната конфесионалност на неговите студенти. Портпаролот на МПЦ и митрополит Дебарско- кичевски, Тимотеј, смета дека црквата не е влезена на теренот на политиката.

„Можеби има индивидуални истапи кај некои лица кои не се држат до строгите канони, но секој има право да проговори за одредени општествени проблеми. Не гледам проблем во тоа. Во моментов православната вера е доминантна и затоа нејзини верски лица присуствуваат на осветување државни објекти. Ако е тоа проблем, нека мисли тој што ги поканил. Кога некоја друга вера ќе стане доминантна, тогаш таа нека осветува камен-темелници", вели владиката Тимотеј. 

На Бога божјото, на царот царевото

Политиколозите и социолозите се едногласни во ставот дека со инволвирањето на црквата во јавниот живот директно се загрозува и еднаквоста на граѓаните во однос на тоа дали се верници, атеисти или агностици и дали припаѓаат на поголема или помала верска заедница.

Професорот по политички науки Димитар Мирчев, потсетува дека во Уставот е

Streit um Holzkreuz in Polen

јасно определено дека државата е одвоена од црквата.

„Но, Уставот не се почитува. Ако државата е одвоена од црквата, тогаш нема државно образование во кое е вклучено и црковно образование. Крајно ме иритира кога министри, па и премиерот кумуваат со владици и попови на државни и јавни објекти. Ме иритира и константната појава на една од црквите на јавниот сервис МРТВ, со празници, светци, маченици и со идентификацијата со македонскиот народ и кауза. Да го промениме Уставот и да кажеме дека сме деистичка држава? Па тоа не го велат ниту Ердоган и Ѓул", потенцира Мирчев.

Свештените лица честопати повторуваат дека државата си има свое правно и политичко уредување кое е секуларно, но не мора истовремено да биде и антитеистичко. Како да се најде баланс? Според експертите нема дилеми. Ако политиката се раководи од Уставот, а Црквата од каноните, точно ќе се знае на кого што му припаѓа - на Бога божјото, на царот царевото.