1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

МПЦ има докази дека црквата на Јован и српската држава се поврзани?

Македонската православна црква денеска ќе објави дека Охридската архиепископија на Јован е директно финансирана од српската влада - најавија македонските медиуми информирајќи за вчерашниот работен ручек на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан со македонскиот претседател, Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски.

default

Архиепископот г.г. Стефан го информирал државниот врв дека МПЦ поседува докази за поврзаноста на српската држава и црквата на Јован во Македонија. Ваквото сериозно обвинување доаѓа само ден по ослободувањето на Јован од затвор. Тој од вчера и официјално е на слобода, откако минатата недела Врховниот суд му ја намали казната од двеипол години на осум месеци. МПЦ тогаш настапи со поумерена реакција. Портпаролот на Синодот, Тимотеј, кажа:

“Ние не сме многу загрижени дали тој ќе биде во затвор. Ние имаме наша програма што ја работиме. За него нема потреба да коментираме. Тоа не е предмет на наш интерес. Ако е тоа извршна одлука на Врховниот суд беспредметно е ние да даваме какви било коментари. Ако побара прошка, ние сме должи да проштеваме на секого. Треба да има согледување дека тој од некого бара прошка,а господ во краен случај на сите ни простува“.

Бившиот владика на МПЦ, битолчанецот Зоран Ванишковски, во 2002-та истапи од Синодот и се прогласи за српски егзарх во Македонија. МПЦ го расчини и обвини дека сака да формира паралелна црква во Македонија, а во заштита го зема српската црква. Минатото лето беше осуден на затворска казна поради предизвикување расна, верска и национална омраза, поради навредите кон МПЦ содржани во црковните материјали што ги публикуваше неговата Охридска архиепископија. Против Вранишковски се водат уште неколку судски процеси, во кои тој е обвинет и за финансиски малверзации во Велешко-повардарската епархија со која раководеше. Во повеќе наврати екс-владиката Јован беше причина за заладување на односите на релација Скопје-Белград.