1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ добива презиме

На 12 ноември, Македонската православна црква на своето име ќе го додаде терминот - Охридска Архиепископија. Определен е термин кога ќе се одржи црковно-народниот собор кој треба да ги официјализира уставните измени.

default

Соборниот храм во Скопје

Владиците едногласно решиле дека во името на црквата треба да се инкорпорира она што отсекогаш и‘ припаѓало на МПЦ. Синодот уверува дека овој чекор е мотивиран исклучиво од црковни причини. Не станува збор за ново име туку за допрецизирање на постоечкото, тврди владиката Методиј за Дојче Веле. Во овој чин нема политика, туку само граматика, тврди Владиката надлежен за Американско-канадската епархија.

„Само се преформулира, се менува синтаксата на членот за појасно да биде дефинирано, бидејќи во моментов се работи на поправање, на осовременување на текстот на уставот на Македонската православна црква. Значи, се работи само за граматика, за ништо друго.“

Аналитичарите сметаат дека од промената на името има двојна придобивка

Комисијата за односи со верските заедници, државно тело надлежно за црковниот живот

Kirche in Mazedonien

МПЦ е сериозен столб, вели претседателката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска

во Македонија, го поздравува овој потег на црквата. Претседателката на комисијата, Валентина Божиновска за Дојче веле изјави:

„Мислам дека треба да го поздравиме тоа како држава. Впрочем, црквата и државата се одвоени, но има нешто многу суштинско.“

Црковните аналитичари гледаат двојна придобивка од овој чин. Прво, МПЦ го заштитува терминот Охридска Архиепископија од верските групи, или соседни цркви кои покажале апсирации кон него и второ, можеби поважно, си обезбедува подобра позиција во православниот свет во битката за афтокефалност. Новото име овозможува комуникација и со црквите кои не ја признаваат како МПЦ. Божиновска смета дека освен позицијата надвор, јакне и единството во Синодот: „Јас мислам дека МПЦ е сериозен столб. Таа отсекогаш била порта на Европа. Во овој миг, нејзиното позиционирање е такво какво што е, можеби не значи дека ова отвора некои нови подобри состојби, но можеби го унапредува дијалогот внатре во синодот.“

Додавката ја одредува историјата на МПЦ

Владиката Методиј е категоричен дека додавката ја одредува историјата на македонската црква: „Секој човек е дефиниран со неговото име и со неговото презиме. Едното е неговото лично име, а другото е името кое го врзува за семејството, за историјата. Името на нашата црква е Македонска православна црква. Нејзиното презиме е Охридска Архиепископија, тоа е нејзиното историско наследство.“

Минатата година, на црковниот собор во Струга, пропадна обидот да се официјализира новото име на Македонската црква. Во синодот немаше единство по ова прашање што на настанот му даде политичка димензија. Додавката во името на црквата се толкуваше како увертира во промена на името на државата. Во меѓувреме, непризнатата црква на Вранишковски направи обид да се регистрира со име во кое е искористен терминот Охридска Архипископија, но судот го одби барањето.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM