1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ ги збива редовите

Македонската православна црква неделава очекува одговор од Белград на писмото кое уште во ноември поглаварот Стефан му го испрати на српскиот патријарх, Павле.

default

Во МПЦ се надеваат дека по божикните празници ќе го чујат ставот на Српската православна црква во однос на иницијативата за продолжување на дијалогот. Во меѓувреме, МПЦ се обидува да ги збие своите редови. Ќе ги прими назад монасите кои пред неколку години се приклучија на братството на Вранишковски, а сега во очи на Божик решија да ја напуштат нерегистрираната Православна Охридска Архиепископија. Поглаварот, г.г. Стефан вели дека очекувал ваков развој на настаните:

“Лично бев изненаден во моментот кога отидоа таму каде што отидоа,а нивното напуштање на местото каде што отидоа и веројатно нивното враќање во МПЦ не ме изненадува. МПЦ изрече мерки кон нив, канонски мерки и тоа треба да се почитува и од едната и од другата страна и треба да се постапи онака како што треба да се постапи. Доколку постои желба за враќање, црквата ќе најде решение.“

МПЦ ги расчини монасите Максим, Дионисиј и Порфириј, но сега им ги отвора вратите ако сакаат да се вратат. Познавачите на црковните случувања велат дека за дел од одметнатите монаси било неприфатливо приклонувањето на Вранишковски кон српската црква, а разочарувањето е уште поголемо оти тие останале без повисоките црковни чинови кои им биле ветени. Сега решиле да ги симнат мантиите оти сфатиле дека на времето биле изманипулирани.