1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ во дипломатска мисија

Македонската Православна Црква продолжува со дипломатска мисија. По посетата на Цариград, Москва е следната станица, а најавено е дека ќе се побара посета и на останите православни цркви во регионот.

Патриархот Алексеј

Патриархот Алексеј

Владиците на вчерашната синодска сединица го определија составот што ќе патува на средба со рускиот Патријарх Алексеј. Портпаролот на Светиот архиерејски Синод на МПЦ, владиката Тимотеј поседницата изјави „За Москва е утвердена делегација, што ќе ја посети. Ќе бидат тројца митрополити. Митрополит Петар, митроплит Агатанѓел и мојата скромност. Немаме сеуште потврден термин кога ќе биде, меѓутоа имаме начелна согласност дека ќе бидат примени од страна на митроплит Кирил кој е претседател на одделот за надворешни работи на Руската Православна Црква.“

МПЦ во мисијата за обезбедување поддршка за сопствена афирмација во православието бара прием и од поглаварот на Грчката Православна Црква Христодулос. „Истовремено ќе бидат побарани приеми да се посетата и Атинската Архиепископија, односно Грчката Правослвана Црква и Романската и Бугарската Православна Црква во текот на оваа недела ќе бидат упатени писма и ќе чекаме позитивен одговор од останатите православни цркви. Исто така се препорача македонското свештенство да вложи и молитивена поддршка за нашите двајца луѓе за кои се очекува да почне судењето во Хаг, молитва ќе биде да се донесе колку што е можно поправедна одлука, воколку има правда во тој суд, меѓународен.“

Македонските владици ја оцениле за позитивна средбата со вселенскиот Патријарх Вартоломеј иако од Цариград се вратија без целосна поддршка во спорот со Српската Правослвана Црква. Сега како голем чекор напред се толкува иницијативата на МПЦ за средба со челниците на Грчката Црква која важи за многу влијателна во православието.

Познавачите на црковните случувања во Македонија сметаат дека Македонската Православна Црква до рамноправна позиција со останантите цркви во православниот свет може да статса само со поддршка на Српската Православна Црква но според нивните проценки, тоа ќе се случи откако македонската држава ќе ги реши отворените прашања со соседите, пред се спорот со името со Грција. Македонската црква бара признавање на афтокефалниот статус под уставнотот име, а Српската црква е подготвена да и даде афтокефалност само ако македонската црква се преименува во Охридска Архиепископија.