1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МПЦ бара докрај да се брани уставното име на Македонија

МПЦ апелира да се опстои докрај во одбраната на уставното име на Македонија, зашто истото за Македонците претставува смисла и на минато и иднината, се вели во соопштението од Светиот архиерејски синод.

default

Светиот архиерејски синод на МПЦ денеска одржа седница посветена на јубилејот, 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

МПЦ, како што се наведува, ја поддржува мирољубивата и демократска иднина на Република Македонија, а со тоа и секоја заложба и намера на поединец и организација што водат кон интеграција на земјата во светските демократски организации, но, секако, според позитивните правила и законските права што важат за секого, а не по цена на губење на сопствениот јазичен, национален, историски и културен идентитет.

„МПЦ не може, а да не ја искаже својата вчудоневиденост и запрепастеност од зачестените изјави на поединци и партии, со кои не само што се удира по јазичниот и национален идентитет на македонскиот народ, туку преку говорењето на невистини до крајни, нечовечки граници, се омаловажува секој труд и секоја жртва на нашите предци, но и на нашите современици, за самостојна и просперитетна Република Македонија. Го повикуваме нашиот народ не само да остане глув на ваквите користољубиво-должнички емисари на пропагандите од 19. век, туку на легитимен, правдољубив и демократски начин да ги „награди“ со конечен заборав и да им го покаже нивното место во свршеното минато. А, најгласниот говорител на нечуените фалсификати и лаги за македонската вистина го повикуваме јавно да и се извини на македонската јавност“, стои во соопштението.

Mazedonien Kirche KLiment Ohridsk in Skopje

Исто така, МПЦ како духовна институција задолжена за моралните вредности кои водат до чување на интегритетот на секој човек, ги повикува сите чинители на политичкиот и медиумскиот простор, достоинствено и во согласност со правилата за коректност и потребна меѓусебна почит да се обраќаат и до своите политички противници и до јавноста, внимавајќи на секој искажан збор.

Православната црква на простори, во минатото олицетворена во Јустинијана Прима и Охридската архиепископија, а денес во Македонската православна црква, секогаш била и е духовен, културен, образовен и историски стожер на македонскиот народ, особено во чувањето на јазикот и на националниот и културен идентитет, а секако, и учесник во реализацијата на вековниот стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава и иднина.

„Оваа година, Светиот архиерејски синод на МПЦ, заедно со свештенството, монаштвото и своите верници“, соопштуваат оттаму, „живее во радоста на 45-годишнината од богољубивата и родољубива одлука на нашите предци, богомудрите архиереи и учесници на Третиот црковно-народен собор, одржан на 17. и 18. јули 1967. година во Охрид, кога во храмот посветен на Пресвета Богородица Перивлепта, нашата мајка Црква, канонската и историска наследничка на Охридската архиепископија, беше возобновена нејзината автокефалност“.