1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мо Јан носител на Нобеловата награда за литература

Кинескиот писател Мо Јан е носител на најпосакуваната литературна награда: Нобеловата награда за литература 2012. Тој е еден од најуспешните писатели и стоеше на листата на фаворитите.

Шведската академија на науките во Стокхолм ја додели Нобеловата награда за литература - годинава таа оди во рацете на 57 годишниот Мо Јан од Кина. Тој се смета за еден од најзначајните и најуспешни автори во Кина, како на Западот така и во неговата татковина. Таму Мо во меѓувреме за своите девет романи и преку 70 раскази ја доби речиси секоја литературна награда.

Мо Јан е роден на 5. март 1955 година како Гуан Моје во источно кинеската провинција Шандонг и потекнува од селско семејство. Во 1976 година пристапи кон Народната ослободителна армија каде почна да пишува. Оттогаш потекнува неговото уметничко име Мо Јан („не зборувај!“). Оваа наредба му ја кажувала мајка му за време на културната револуција.

Азиските автори фаворизирани

Уште пред објавувањето на носителот на Нобеловата награда за литература за фаворити се сметаа пред се’ авторите од Азија. Набљудувачите најголеми шанси му даваа на јапонскиот писател Харуки Мураками. Американските писатели Томас Пинкон и Филип Рот, Вилијам Тревор од Ирска, Петер Надаш од Унгарија, сирискиот поет Адонис како и американскиот пејач и автор Боб Дилан исто така се сметаа за фаворити. Минатата година носител на оваа награда беше шведскиот лиричар Томас Транстормер.

Нобеловата награда за литература е најважната литературна награда во светот. Се доделува од 1901 година и тоа не само на етаблирани автори, туку понекогаш на во широки рамки непознати автори им овозможува слава и чест. Наградата годинава е дотирана со 930.000 евра.

Нобеловите награди традиционално се врачуваат на 10. декември, денот кога починал основачот на наградата Алфред Нобел.