1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Моќта на хулиганите на дело

Група навивачи на Келн го натераа фудбалерот Кевин Пецони да го напушти клубот. Го навредуваа на стадионот, го напаѓаа низ градските улици, го чекаа пред домот. Келн попушти пред насилството, смета Оливија Фриц

Кевин Пецони капитулираше. Пред хулиганите кои не се плашеа од ништо, кои го следеа кога одеше кон домот, кои постојано му се закануваа. За да нема недоумици: тоа беа „фанови“ на неговиот клуб. Поради сето тоа, играчот побара раскин на договорот, а надлежните во Келн му го прифатија барањето. За да го заштитат играчот, велат оттаму.

Клубот беспомошно гледаше како еден играч беше обвинет за неуспехот на целиот тим. Тоа го сфати и тренерот Холгер Станиславски и го изнесе на виделина целиот скандал по поразот на неговата екипа од Котбус. За разлика од тренерот, клубот издаде само кусо соопштение во кое наведе дека договорот со Пецони бил раскинат со обостран договор.

Претседателот на германската фудбалска лига, Рајнхард Раубал сега говори за „ново ниво на ескалација“, за кое повеќе не смее да има толеранција.

Мобингот и насилното однесување во фудбалот секогаш постоеле. Примерот на одбранбениот играч на Колумбија Андрес Ескобар, кој беше убиен по постигнатиот автогол на Светското првенсто во 1994. година, е добро познат.

Но слични нешта се случуваат и во Бундеслигата. Јуп Хајнкес признава дека додека бил тренер на Борусија Менхенгладбах добил смртни закани и поради нив поднел оставка. Минатата година и тренерот на Хесен Касел, Кристијан Хок

Kevin Pezzoni Flash-Galerie

Кевин Пецони

добиваше смртни закани, а на неговите играчи им се закануваа дека ќе бидат претепани. Капитенот на Магдебург Даниел Бауер лани беше пречекан пред својот дом од маскирани мажи и нападнат.

Секако дека мнозинството од навивачите на Келн се мирољубиви, но постојат неколку идиоти кои постојано создаваат проблеми: чадни бомби на стадионите, напади врз автобуси на противнички тимови. Но, дури и ако се само неколку стотини тие станаа многу моќни и голем проблем за Келн. Проблем со кој клубот не може да излезе на крај.

Кевин Пецони често знаеше да ги загуби нервите на фудбалскиот терен, а формата во последната година му беше, благо речено, „несреќна“. Затоа клубот мораше нешто да преземе, но тоа не се случи.

Одговорните сега оставаат впечаток дека насилните навивачи можат да одлучуваат кој ќе игра, а кој не. Пораката која фудбалскиот клуб Келн ја испраќа гласи: насилството победува.