1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Моќно присуство на цивилниот сектор во Копенхаген

Разговорите за климата во Копенхаген влегoa во завршната фаза. Организаторите подготвени го дочекаа пристигнувањето на шефовите на држави и влади, но не очекуваа толку многу претставници на невладините организации.

default

И демонстрациите се преголем залак за организаторите на конференцијата во Копенхаген

Организаторите навистина посакуваа учество на невладините организации како и „притисок од улиците“, но се чини дека нивната навала ги надмина сите очекувања и оти организаторите не се дораснати за проблемот што настана.

46 илјади луѓе сакаа да бидат во центарот Бела во кој се одржува Самитот, но само само 15 илјади можеа да влезат. Со оглед на големата навала, на многумина не им беше дозволен влз. На невладините организации и на други набљудувачи им беше доделен контингент со карти. Оние што немаа т.н. бела карта, мораа да останат надвор.

Организацијата на конференцијата во Копенхаген е страшна

За многу претставници на невладините организации, кои делумно сами го платија патот до Копенхаген, ситуацијата е многу фрустрирачка. Марлај е членка на организацијата за заштита на животната средина „Пријатели на Земјата“. „Овде не можеме да ја извршуваме нашата работа, а тоа е на пример за малите делегации од Африка многу лошо. Тие се потпираат на нашата помош, за да можат да ја извршат работата овде на Самитот во Копенхеган“.

Unruhen bei Kopenhagener Klimagipfel

Полицијата во Копенхаген не е на висина на задачата?

Марлај не успеа да влезе дури ни со т.н. бела карта: „Организацијата е страшна. Јас сум била на многу конференции за климата, но ова овде е најлошо нешто што сум го доживеала.“ За организација на картите одговорен е Секретаријатот на ОН за климата. Таму признаваат дека се затекнати од навалата на граѓаните. Но нема фрустрации само во центарот „Бела“, туку и надвор од него. Многу поборници на заштитата на климата не сакаат да влезат, туку сакаат да извршат притисок врз политичарите пред центарот.


Спорен однос на полицијата кон демонстрантите

До зградата на конгресниот центар во средата успеаја да дојдат околу 2500 луѓе, но данската полиција уапси 250 учесници на демонстрациите. Полицијата има право уапсените превентивно да ги задржи во притвор и до 12 часови. таа одредба е спорна и во Данска. Многума сметаат дека полицијата реагирала несоодветно со оглед на тоа што досега се уапсени 1500 лица.

Емили Таге од здружението за пружање правна помош, многу жестокиот однос на полицијата кон демонстрантите е многу загрижувачки. Со часови на студ, без храна и пиење, тоа не смее да се случува, вели Таге: „Сметам дека тоа е срамно за една демократска земја како Данска, која ги има потпишано европските конвенции за заштита на човековите права.“

Како внатре така и надвор, на Самитот за климата изгледа дека има проблеми со справувањето со навалата на цивилното општество. И внатре во центарот „Бела“ на активистите за заштита на климата им успеа накратко да дојдат до подиумот. Тоа не би било возможно на еден херметички затворена средба на Г8 или Г20 или пак на Самит на ЕУ, истакнува Иво де Боер, шеф на Секретаријатот за кимата на ОН.

Автор: Хеле Јепесен/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска