1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Моќен почеток на Берлиналето

Берлин е во филмска грозница. Не само љубителите на филмската уметност, туку и голем број гости од земјата и од странство во наредните 10-тина дена ќе се обидуваат да впијат барем дел од гламурот на оваа манифестација.

default

Нема да имаат лесна работа: членовите на жирито на Филмскиот фестивал во Берлин

Данската драма „Малиот војник“ беше првиот филм што љубопитната публика можеше да го види во официјалната конкуренција на годинешното Берлинале. Станува збор за приказна за една жена војник, која се враќа од меѓународна мисија во некое кризно жариште. Таа носи длабоки трауми од она што го доживела во војната и има проблеми да се врати во реалноста. Данската режисерка Анете Олесен во мирни слики ја раскажува повратничката драма на младата Лоте, која покрај психичките трауми сепак ја задржува вербата во подобар свет.

И Кејт Винслет е во Берлин

Најголемо внимание денеска меѓутоа привлекува премиерата на филмот „Читачот“ на режисерот Стивен Делдри. Тој е направен според бестселерот на германскиот романописец Бернхард Шлинк, а во него играат светските ѕвезди Кејт Винслет и Ралф Финес, како и повеќемина славни германски актери.

BdT Berlinale David Kross Kate Winslet

Двајцата главни актери во „Читачот“: Дејвид Крос и Кејт Винслет

Филмот ја раскажува приказната на поранешната надзорничка во еден концентрационен логор, Хана Шмит. Таа почнува љубовна врска со едно младо момче, кое и’ чита интересни приказни в кревет. Дури многу години подоцна тоа ја дознава нејзината животна приказна, кога ја среќава на суд.

Силни филмови вон конкуренција

Овој долго очекуван филм, кој има повеќе номинации за Оскар, се прикажува вон конкуренцијата за златните и сребрени мечки, исто како и делото на германскиот режисер Том Тиквер, „Интернешенал“, кое пак ја имаше честа синоќа да го отвори Фестивалот.

Berlinale 2009 The International

Режисерот Том Тиквер (десно) со главниот актер во филмот „Интернешенал“, Клив Овен

Во него станува збор за темните манипулации на една меѓународна банка со седиште во Луксембург. „Банка како зла сила во политички трилер, таа идеја ме фасцинираше од самиот почеток. Од денешна гледна точка може да се каже, да тоа е многу актуелна тема поради финансиската криза, но кога почнавме со снимањето на филмот немаше ни трага од неа“ - појасни авторот Том Тиквер.

Најновото остварување на Том Тиквер наиде на многу позитивен одек кај стручната публика. „Ова беше вистински хит веднаш на отворањето на фестивалот“, оцени славниот режисер Вим Вендерс. А актерот Јоаким Крол рече: „Ова беше величенствен трилер, достоен на честа да го отвори Берлиналето!“