1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мојес се надева барем на четвртина од успехот на Фергусон

Дејвид Мојес смета дека неговиот ангажман ќе биде добро завршена работа доколку постигне четвртина од она што го направил неговиот претходник Алекс Фергусон на менаџерското место во Манчестер Јунајтед.

Шкотланѓанецот првото официјално седнување на клупата на Манчестер Јунајтед го започна со разочарувачки пораз од 1:0 во Бангкок. Неговиот тим играше против Синг Ол Стар, екипа составена од најдобрите играчи во тајландската прва лига, која поведе на почетокот од второто полувреме и успеа да го задржи таквиот резултат до крајот на мечот. Синг Ол Стар, во чии редови играше поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски, победи со 1-0, со голот на Тиретеп Винотаи.

Англиските шампиони беа без своите напаѓачи Робин ван Перси и Вејн Руни. Руни, кој е предмет на шпекулации за можен трансфер, мораше да се врати дома со повреда на тетивата добиена само неколку часа по пристигнувањето во Бангкок, додека Ван Перси би требал да му се приклучи на тимот пред следниот меч во Сиднеј.

Како дел од турата пред почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед освен во Сиднеј ќе има натпревари и во Јокохама, Осака и Хонгконг, пред да се сретне на шести август со АИК во Стокхолм.

„Ова е мојата прва сезона како менаџер на Манчестер Јунајтед. Го наследувам веројатно најпрефинетиот фудбалски менаџер којшто кога било постоел“, изјави Мојес денеска во Сиднеј. Тој го замени пензионираниот Фергусон на крајот на минатата сезона.

„Секогаш велам дека ако успеам да освојам барем четвртина од она што тој го освоил, тогаш ќе завршам добра работа“, додаде Мојес.

Во 26-те години во клубот, Фергусон освои 38 трофеи, во кои спаѓаат и 13 титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампиони.