1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мотото на младите католици е да се молат и да демонстрираат

Рио де Жанеиро деновиве прерасна во центар на светот. Од сите краеви на светот пристигнуваат преку милион католички верници. Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциско, го дочекаа со големо одушевување.

Во Бразил во последните неколку недели беше напнато, но масовните демонстрации се завршени, барем за сега. Две недели по завршувањето на Купот на конфедерациите, во Бразил на програмата е веќе другиот голем настан: Светскиот ден на младите. Се очекува на овој најголем католички собир да присуствуваат околу два милиони луѓе, од кои повеќето ќе бидат од Латинска Америка. Светскиот ден на младите се одржува од 23 до 28 јули.

Верски собир како овој има и политичка тежина. Многу млади луѓе, кои неодамна излегоа на улиците во знак на протест против корупцијата и големите трошоци за одржувањето на Светското фудбалско првенство, се радуваат на средбата со папата. И не само тоа. Тие очекуваат поглаварот на римокатоличката црква да ги благослови нивните желби за реформи во земјата.

За помалку насилство во светот

Да се демонстрира и да се моли. За студентот по биологија Валмир Јуниор тоа е сосем нормално. За време на масовните демонстрации тој преку Фејсбук упати апел до католичката организација на младите и здружението на бразилските студенти. Тој како амбасадор на младите од Бразил сака на 25 јули, заедно со младите од сите делови на светот, на папата да му предаде листа со барања.

Papst Franziskus in Brasilien

Папата во Бразил

„Сакаме да покажеме дека христијанската вера може да го промени општеството“, вели Јуниор и додава дека папата може да се погрижи за тоа да има помалку насилство во светот. Ова 28 годишно момче знае што зборува. Во сиромашната населба Комплексо да Маре, каде живее, војната помеѓу нарко-дилерите и полицијата, претставува секојдневие.

Протестите против самоволното полициско насилство и корупцијата го имаат благословот од католичката црква.“Повеќето млади, кои излегоа на улиците, сакаат нова, праведна и солидарна земја“, рече неодамна бискупот на Рио де Жанеиро, Орани Јоао Темпеста и додаде дека тоа го сакаат и бискупите. Бразилските бискупи, затоа се солидаризираат со младите кои протестираа за време на Купот на конфедерации. „Слушнете го гласот на улиците“, ја повикаа бискупите, политичката елита во земјата. Во едно нивно соопштение се наведува дека протестите покажаа дека е невозможно да се живее со таква социјална неправедност и нееднаквост.

Важно е да се „свртиме кон луѓето“

Затоа католичката црква за време на одржувањето на Светскиот ден на младите ќе ја покажа својата социјална страна. Бискупот Бернхард Балман смета дека ваквите симболични акции се важни. “Мораме да увидиме дека треба да се свртиме кон младите. Заминаа времињата кога верниците доаѓаа во црква. Сега е обратно, ние мораме да свртиме кон луѓето, независно од тоа што прават тие или кои се“, вели тој.

Католичката црква во Латинска Америка е далеку од револуција. Секојдневието овде е одредено не од теолошкиот развој, туку од се порастечкиот недостаток на свештеници. Освен тоа католичкиот сексуален морал, двојно повеќе направи, верниците да и свртат грб на црквата.

Brasilien bereitet sich auf Papst-Besuch vor

Припреми на местото каде папата Франциско ќе држи миса, во Гуаратиба, 40 км од Рио де Жанеиро

Според податоците на бразилскиот Завод за статистика ИБГЕ, бројот на католиците помеѓу 2000 и 2010 година се намали од 74 на 64 отсто. Од друга страна, на Евангелистичката слободна црква и Евангелистичката петтоаголна црква, бројот на верници во истиот период им пораснал од 15 на 22 отсто.

Валмир Јуниор се надева дека за време на Светскиот ден на младите ќе дојде до подмладување на црквата. Овој студент се` забележува од целосно прагматичен агол. Ако има се помалку свештеници, тогаш тоа значи дека во иднина црквата треба да ја водат лаици, вели Јуниор. Со тоа се поставува прашањето дали младите во Бразил ја присилуваат не само сопствената влада на реформи, туку и Ватикан.