Мотивот за нападот во Аурора може да биде непознат со месеци | Свет | DW | 24.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мотивот за нападот во Аурора може да биде непознат со месеци

Осомничениот убиец од Аурора вчера првпат беше изведен пред судот, за да му се продолжи истражниот притвор.

24-годишниот Џејмс Х. во судската сала во американската сојузна држава Колорадо остави впечаток дека е збунет и целосно отсутен. За време на краткото сослушување тој постојано ги затвораше до половина очите и не изговори ниту еден единсвтевен збор. Неговата коса беше портокалово бојадисана.

До почетокот на процесот се очекува да минат повеќе недели. Осомничениот и натаму се противи да соработува со властите. Додека да биде познат мотивот за сторерното дело, велат од полицијата, можат да поминат месеци. Обвинението против Џејмс Х. треба да биде подигнато идниот понеделник.

Џејмс Х. е осомничен дека за време на премиерата на новиот филм на Бетмен, изминатиот петок во киното во Аурора, стрелаше врз посетителите, кога беа убиени 12 луѓе, а речиси 60 беа повредени. Според американските медиуми, доколку студентот биде осуден му се заканува смртна казна.