1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мостарската гимназија - модел за цела БиХ

Концептот на „Две училишта под ист покрив“, кој како сегрегациски модел неодамна беше укинат од судот во Мостар, треба да се замени со нов. Гимназија Мостар е најсоодветен модел за БИХ, сметаат во училиштето.

Ламија Лето и Вероника Влашиќ се ученички во втора година во Гимназија Мостар. Иако одат во исто училиште и во иста година, наставата не ја слушаат во иста училница. Ламија учи според наставниот план и програма на босански а Вероника на хрватски, како што впрочем самите одбрале. Мостарската гимназија не функционира според концептот „две училишта под еден покрив“ кој е најчест во етнички мешаните средини во БиХ и кој неодамна беше укинат од страна на Судот во Мостар. Таа не функционира ни како едно училиште со единствени наставен план и програма, туку според своевидно компромисно решение на тие два модела - едно училиште, два наставни плана и програми.

Различноста развеселува

Gymnasium in Mostar Lamija und Veronika

Ламија Лето и Вероника Влашиќ

„Ние овде убаво се дружиме и се снаоѓаме. Се разбира пред да дојдете овде можете да чуете различни предрасуди, но верувајте, кога ќе поминете само еден ден овде во гимнзијат можете да заклучите дека овде владее многу убава и пријатна атмосфера. И ако нешто научив во овие две години е тоа дека различноста развеселува“, вели Ламија.

Веронија, пак, смета дека моделот на мостарската гимназија е добар начин за разрешување на проблемите. „Кога вакво би вило секое училиште, би исчезнале предрасудите и ситуацијата во градоот воопшто би се подобрила, бидејќи ние младите најмногу влијаеме на иднината на градот, а ова е еден чекор кон иднината“, вели Вероника.

Гимнзијата Мостар настана во 2004-та година со одлука на градските власти и со помош на ОБСЕ. Притоа административно се обединети гимназиите од источниот и западниот дел на градот. Директорот на училиштето Бакир Крпо и неговата заменичка Анкица Човиќ имаат исти надлежности. Гимназијата има заедничка администрација, заеднички училишен одбор, заеднички совети на родители и на наставници, но и посебни наставнички совети за едната и другата наставна програма. Во ова училиште значи се’ е заедничко освен наставните програми.

Учениците избираат

„Учениците самите ја избираат програмата според која ќе учат, имаат заедничка практична настава по информатика, а се дружат и преку заедничките воннаставни активности. Во гимназијата се одбележуваат сите верски празници, се учи за толеранција и се почитуваат разликите“, вели заменик-директорот Анкица Човиќ.

Schüler im Klassenraum des Gymnasiums in Mostar, Bosnien und Herzegowina. . Copyright: DW/MIlan Sutalo 09. Mai 2012, Mostar, Bosnien und Herzegowina

Училница во Гимназија Мостар

Иако во училиштето секојдневно на анстава доаѓаат 650 ученици од различна националност досега немало ни најмал инцидент.

Директорот на Гимназија Мостар Бакир Крпо смета дека моделот кој се спроведува во неговото училиште би можел да биде пример за современо училиште во Босна и Херцеговина.

„Овој модел ги антиципира сите елементи на модерните европски училишта и по нашиот пат би требало да тргнат и другите училишта. Можам да се пофалам во мое и во име на госпоѓата Човиќ дека на некој начин го отворивме патот кон она што се нарекува современо училиште односно училиште на иднината. Во оваа гимназија , која е административно интегрирана, се инкорпорирани елементи на заедништвото , кои се всушност и европски стандарди“, вели Крпо. Тој додава дека за стравувања за за губење на националниот и културен идентитет нема место во училиште какво што е мостарската гимназија и во оние кои го следат нејзиниот пример. „ Всушност ние сме модел за овој наш амбиент , не само во Мостар туку и во целата држава“, истакнува Крпо.