1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Москва не пружа заштитничка рака врз Кипар

Богатите Руси депонираа милијарди на средоземноморскиот остров Кипар. Сега, по спасот на банките Москва не сака да земе удел во загубите. Од Никозија во меѓувреме се најавува продолжување на роковите за целите.

Доколку Руси загубат големи суми пари при спасот на банките на Кипар, би било штета, изјави заменик рускиот премиер Игор Шувалов во едно ТВ интервју. „Но руската влада во една таква ситуација нема да се вклучи“. Единствен исклучок биле претпријатијата, во кои учествува руската држава. Тогаш Москва би била „подготвена да испита од случај до случај јавно и транспарентно тука во Русија“, изјави Шувалов.

Според проценките на кипарската Национална банка руските вложувачи на Кипар депонирале меѓу пет и десет милијарди евра. Според еден извештај на германската тајна служба БНД станува збор дури за 20 милијарди евра. Многу богати Руси имено ги носеа своите пари на Кипар. Ниските даноци, малкуте контроли и високите камати направија од кипарските банки да бидат атрактивни за странскиот капитал, но пред спасот на банките. Исто така и државни претпријатија, како на пример рускиот енергетски џин „Гаспром“ дел од бизнисите ги развиваа преку Кипар.

Во рамки на спасувачкиот пакет сега двете најголеми банки во земјата ќе бидат реконструирани. Притоа само 100.000 евра од депозитите ќе останат неоданочени. Се’ над оваа сума подлежи на принудниот данок. Клиентите на најголемата банка, Банката на Кипар мораат да сметаат на еднократен данок и до 60 проценти. Досега се очекуваше дека тој ќе изнесува 30 до 40 насто.

Учеството на големите вложувачи во санацијата на банките беше договорено во преговорите меѓу Кипар со меѓународните донатори за добивање помош во висина од десет милијарди евра.

Повеќе време за Кипар?

Поради стравот од економски колапс Кипар, според сопствени наводи ќе добие повеќе време од меѓународните донатори за санација на државниот буџет. Целите кои беа договорени да бидат постигнати до 2016 година мораа да бидат остварени дури во 2017 година, изјави портаролот на владата Христос Стилианидес. Владата сега се обидува да добие уште една година до 2018. Од страна на меѓународните донатори, Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка нема потврда за ова.

Во четврток претставници на кипарската влада и членови на еврогрупата треба да се сретнат за уште еднаш да разговараат за спасувачкиот пакет. Дотогаш треба да бидат утврдено и евентуалното продоложување на роковите за острварување на целите.