1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Москва и Тбилиси се согласија на мировниот план

По петдневна војна на југот на Кавказ Русија и Грузија, со посредство на Франција како претседавач на ЕУ постигнаа спогодба за прекин на огнот во регионот на Јужна Осетија.

default

Саркози и Сакашвили во Тбилиси

Мировната мисија на францускиот претседател Никола Саркози беше успешна. Русија и Грузија се согласија на планот за прекин на огнот на југот на Кавказ. Важни точки од спогодбата се целосен прекин на борбените дејства на девете земји, повклекување на трупите и слободен пристап на хуманитарните работници до жртвите на конфликотот. Руските мировни трупи и натаму ќе останат во одметнатиот регион на Јужна Осетија, тие ќе преземат и дополнителни мерки за да ја обезбедат заштитатата на народот. По желба на грузискиот претседател Михаил Сакашвили, делот од договорот кој предвидуваше меѓународна дискусија за одметнантите региони Абхазија и Јужна Осетија е поништен. Рускиот претседател Медведев се согласи со оваа промена, но и натаму спорно останува територијалното единство на Грузија. Сакашвили нагласи дека и двата региони и натаму и припаѓаат на Грузија, додека Медведев бара да се почитува вољата на народото.

Францускиот претседател Саркози сепак беше задовоелн и горд со резултатите, тој по средбата во Москва кажа „Во присуство на претседателтот Медвдев би сакал да заклучам дека постои руска согласност да се гарантира и почитува суверенитето на Грузија. За оваа точка не постојат сомневања.“ рече Саркози. Францускиот шеф дипломат Бернар Кушнер, денеска во Брисел ќе го претстави планот на другите министри за надворешни работи на ЕУ.

САД од своја страна уште еднаш ја повикаа Москва да ги исплолни своите најави и нависитина да се прекинат воените акции, рече американската министерка за надвореши работи Кондолиза Рајс по разговорот со претседателот Џорџ Буш во Белата куќа „Сакам јасно да кажам дека Соединетите Американски држави се залагаат за неповредување на територијалното единство на Грузија и суверенитетот на Грузија и дека ја подржуваме демократски избранта влада и нејзиниот народ.“ истакна Рајс

Грузија во меѓувреме најави дека ќе поднесе тужба против Русија пред меѓународниот суд во Ден Хааг. Тбилиси и префрлува на Москва насилно протерување на Грузијци од регионите на Абхазија и Јужна Осетија во последните 15 години.

Во Тбилиси вчера се оддржаа и анти руски големи демонстрации на кои присуствуваа околку 70 илјади луѓе. На протестите настапи и претседателот Сакашвили и најави дека државата ќе ја напушти заедницата независни држави ГУС. Тој исто така ја обвини Русија дека е одговорна за уништувањата во Јужна Осетија „Русија го претвори Цхинвали во втор Грозни“ рече Сакашвили и ги спореди активностите на Русија со војната во Чеченија.

Покрај политичките разговори во текот на вчерашниот ден дојде до спорадични пукања. Во петтневниот конфликт само во Јужна Осетија, според руски извори животот го загубија околу две илјади лица, а голем број жртви јавува и Грузија. Според проценките на УНХЦР, поради војната во бегство се околу 100 илјади луѓе.

DW.COM